Academician of the Academia Balkanica Europeana, since December 2022
Jasna Koteska, May 2020 |
At the General Electoral Assembly of Academia Balkanica Europeana, held on the 14th of December 2022, I have been elected an academician of the Academia Balkanica Europeana.
The following members have been elected in the field of science:
2. Prof. Majlinda Lako, PhD (Albania)
3. prof. dr. Tarik Kupusović (BIH)
4. prof. dr. Ismet Gavrankapetanović (BIH)
5. Professor Jasna Koteska (MKD)
6. Dr. Radosvet Gornev (BUL)
7. Assoc. Krasen Stanchev (BUL)
8. Miglena Dikova-Milanova (BUL)
9. Ljubomir Kekenovski (MKD)
Jasna Koteska, Biography August 2022
Jasna Koteska, 2020 |
Biography, Jasna Koteska 2022
Jasna Koteska. Pic Stitch 1980s-2022 :) |
It is in Macedonian only.
If you need to, You can always use google translate.
Greetings
Редовен проф. д-р Јасна Котеска
Филолошки факултет „Блаже
Конески“, УКИМ Скопје
Јасна Котеска
(1970, Скопје) е македонска писателка, филозоф и редовен професор по
хуманистика (книжевност, родови студии и теориска психоанализа) на Филолошкиот
факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Котеска
има магистрирано и докторирано книжевност и родови студии (1999 и 2002 година)
на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и има магистрирано родови
студии и теорија на културата (2000 година) на Централно-европскиот универзитет
во Будимпешта, Унгарија.
Проф. Котеска предава
редица предмети од областа на книжевноста, родовите студии и теориската психоанализа
на својата матична Катедра, како и на Филозофскиот факултет во Скопје и на
докторските студии по филозофија на Катедрата за филозофија при Филозофскиот
факултет во Љубљана, Словенија.
Проф. Котеска е
авторка на 12 книги за Зигмунд Фројд, Сорен Кјеркегор, комунизмот, санитарноста
и други сродни теми, објавени во Вашингтон, Торонто, Љубљана, Белград, Софија и
Скопје.
Дел од
нејзините книги се Кјеркегор за
конзумеризмот (2016, Торонто и Љубљана), Фројдовска читанка, рана психоанализа 1893-1899 (2013, Скопје), Комунистичка интима (2008, 2022, Скопје;
2014, Вашингтон) и Санитарна енигма
(2006, 2021 Скопје; 2012 Софија).
Во 2017 таа е
добитничка на државната награда Гоце
Делчев за извонредни остварувања во областа на науките од интерес за
Република Македонија. Нејзината книга Комунистичка
интима во 2015 е избрана на т.н. Финеганова листа од 30 најзначајни книги
за 2015 година од Европското здружение на писатели (Берлин и Париз).
Котеска е
авторка на над 200 академски студии во земјава и странство, преведени и
објавени на преку 12 јазици, во широк спектар на теми: интимност, санитарност,
психоанализа, траума, повторување, гестови, како и студии за 19-вековната
филозофија и книжевност.
Котеска е
авторка на првата историја на македонското женско писмо 1945-2000 година,
книгата Македонско женско писмо
(Скопје, 2002).
Таа е главен
уредник на едицијата Collection Aut на Тринити Колеџот во Торонто и на Централно-европскиот
истражувачки центар за Сорен Кјеркегор (ЦЕРИ-СК) во Љубљана.
Од 2020 до
2023 година таа е раководителка на студиската група за образование во која ги
раководи скандинавските земји во рамките на Нордиските
летни универзитети.
Котеска е член
на Филозофското друштво на Македонија, Независните писатели на Македонија, како
и на бројни меѓународни организации и одбори.
Во моментов
работи книга со наслов Принципите на
дигиталното јас во коавторство со акад. Љупчо Коцарев. Паралелно работи на
два ракописи Фројдовска читанка 2
(1900-1901) и Кафка, хумористот.
Објавени и уредени книги од проф. д-р Јасна Котеска
1.
Koteska, Jasna. Kierkegaard on Consumerism (Киркегард за
конзумеризмот), Trinity College, University of Toronto, Canada, and Central
European Research Institute Soeren Kierkegaard, Toronto and Ljubljana, 2016. ISBN 9781988129020 (на англиски)
2. Котеска, Јасна. Фројдовска читанка
Рана психоанализа 1893-1899, Култура, Скопје, 2013. ISBN 9789989327193
3. Котеска, Јасна. Комунистичка интима,
Темплум, Скопје, 2008. ISBN
9789989189418
4. Котеска, Јасна. Комунистичка интима,
Антолог, Скопје, 2021 (реиздание). ISBN
978-608-243-462-9
5. Котеска, Јасна. Санитарна енигма,
Темплум, Скопје, 2006. ISBN
9989902879 Котеска, Јасна. Санитарна
енигма, Антолог, Скопје, 2020
(реиздание) ISBN 9786082434131 [12]
6. Котеска, Јасна. Македонско женско
писмо, Македонска книга, Скопје, 2003.
ISBN 9989460477
7. Котеска, Јасна. Постмодернистички
литературни студии, Македонска книга, Скопје, 2002. ISBN 9989460191
8. Koteska, Jasna. Communist Intimacy,
NAP, Washington DC, 2014. ISBN
9780989916974 (на англиски)
9. Котеска, Яасна. Санитарна енигма,
ХК, Критика и хуманизьм, София, 2012.
ISBN 9789545871603 (на бугарски)
10 Koteska, Jasna. Intimist, Društvo
Apokalipsa, Ljubljana, 2008. ISBN
9789616644303 (на словенечки)
11 Јакимовска Илина, Котеска Јасна. Етнологот
како писател, писателот како етнолог. Табахон, Скопје, 2020. ISBN 9786084566229[13]
12 Tatjana Rosic, Ilic, Jasna Koteska, Janko Ljumovic. Representation of Gender Minority Groups in Media: Serbia, Montenegro
and Macedonia, Faculty of Media and Communication FMK, Belgrade, 2015. ISBN 9788687107540 (на англиски)
13 Котеска, Јасна. Антон Томаж Линхарт, Монографија. Веселиот
ден или Матичек се жени, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, 2008. ISBN 99897246336 (на македонски).
Годишен извештај 2020/2021. Yearly academic report 2020/2021
Jasna Koteska, May 2020 |
Извештај 2020/21
ред. проф.
д-р ЈАСНА КОТЕСКА
1.Наставна
актива
Прв циклус студии:
Зимски семестар 2020/21: Методика на наставата по книжевност 1 (2+4) (МКЈК,
МЈЈЈ), Просветителството и романтизмот
во словенечката книжевност (2+1) (МКЈК), Нова словенечка книжевност 1 (2+1) (МЈЈЈ).
Летен семестар 2020/21: Методика на наставата по
книжевност 2 (2+4) (МКЈК, МЈЈЈ),
Реализмот и модерната во словенечката книжевност (2+1) (МКЈК)
Одобрение за предавање: Зимски семестар 2021/22: Род и психоанализа (2+1) на Институтот за родови студии, Филозофски факултет, УКИМ.
Втор циклус
студии:
Летен семестар 2020/21: Теориската психоанализа и македонската книжевност и култура
Трет циклус студии:
Летен семестар 2020/21: Гинокритички теми во современата македонска
книжевност и Македонска современа книжевност
Одобрение за предавање: Летен семестар 2020/21, Зимски семестар 2021/2022 Гинокритичките теми во книжевноста и културата на докторските студии на Филозофскиот факултет, Катедра за филозофија, Љубљана, Република Словенија (одлука на ННС бр. 02-648/2 од 21.5.2020)
2. Научна актива
Објавени книги (2020-2021)
1. Котеска, Јасна, Комунистичка
интима, Антолог, Скопје, 2021,
464 стр. ISBN
978-608-243-462-9
2. Котеска Јасна, Санитарна
енигма, издавач Антолог, Скопје, 2020, 290 стр. Библиотека
Громови, книга 16. ISBN 978-608-243-413-1
3. Јакимовска Илина, Котеска Јасна (уредници), Етнологот како писател : Писателот како
етнолог, издавач Табахон, 2020, Скопје, 226 стр, ISBN 978-608-4566-22-9
Објавени трудови (2020-2021)
1. Koteska. Jasna. “Freud on the First
World War (Part 2)”, Researcher,
European Journal of Humanities & Social Sciences. Brussels, Moscow, 1 (3),
2020, 45-60.
2.
Kocarev,
Ljupco, Koteska Jasna. “Digital Me Ontology and Ethics”, Arxiv, Cornell University, 22 December, 2020.
3.
Котеска Јасна, Храброста е доблест помеѓу плашливоста и
лудоста“, Нова Македонија, 16.1.2020.
4.
Котеска, Јасна, предговор „Кон Милан Јазбец, Капка си, моја капка“, Јазбец, Милан „Капка си, моја капка“,
Матица македонска, Скопје, 2021.
Учества на научни
собири, симпозиуми и конференции
(2020-2021)
1.
Гостин предавач на Словенечкото филозофско друштво, Slovenian Philosophical Society, во серијата
предавања Philosophy in Matrix, со темата Principles
of Digital me, 10 април 2021.
2.
Учество на конферецијата Futures of Education –
Learning to Become 2021,
Aarhus, Denmark, со темата Ethics
of Digital me, 22 април 2021.
3.
Учество на конференцијата Конески и книжевната наука, во организација на Катедрата за
македонската книжевност и јужнословенски книжевности со текстот Конески и
филозофијата на оптимизмот (Осврт кон „Таблица Перваја“ и „величието на
малите“), 1 јуни 2021.
4.
Учество на 18-тата
интернационална конференција Review within Review во организација на КУД Апокалипса од
Љубљана, со темата Книжевните списанија во Македонија, 9 јуни 2021.
5.
Учество на The
8th International
Philosophical Symposium of Miklos Oceperk, Ljubljana со темата The half-hearted in Kierkegaard and
Dostoyevsky, 26 aвгуст 2021.
6.
Учество на конференцијата Conference: Rethinking
Education: Alternatives to Existing Educational Orders на Нордик летни
универзитети, 5-8 март, 2020, во Wroclaw, Poland, со темата The Transformation of Education: Golden
Mean. Social and Individual Values”.
7.
Учество на конференцијата International Workshop and
the 8th International Conference on
Soren Kierkegaard, Ljubljana, Anxiety
and Action in Existential Anthropology, во организација на CERI-SK and KUD Apokalipsa во Ljubljana 1 September 2020, со темата
“Traveler and a Desert in
Kierkegaard and Deleuze”.
8.
Учество на конференцијата Posthumanism and
Transhumanism as Theological Challenges на Trinity College and Regis College Toronto, 23 October 2020.
9.
Учество на Конференцијата на Nordic Summer University, Winter Session
March 2021, со темата Education and Nature as the Other in
Anthropocene, 12 October
2020.
10.
Учество на Конференцијата 17th International Festival Review within Review
на Инстутот Сорен Кјеркегор Љубљана со темата Reflections on Europe, 27 November 2020.
11.
Учество на конференцијата Deleuze and Guattari
International Conference 2020,
Institute of Philosophy, Czech Academy of Science, Faculty of Arts, Charles
University, 29 June-1 July 2020, Prague, Czech Republic, со темата “Deleuze and Guattari Against Freud’s
Nationalism “Sergei, How Many Wolves are There?”
12.
Учество на конференцијата Toronto School of
Theology, Virtual Forum Series,
Forum, во организација на Trinity
College Toronto and Emmanuel College, Canada, 16 July 2020 со темата “Rootedness and Community: Challenges
and Threats to Our Collective Life”.
13.
Учество на конференцијата Summer Session of the
Nordic Summer University,
(Oslo - online) на 27
July 2020 со темата “Technological
Vision of the Human (from the Perspective of Futures of Education”.
14.
Учество на конференцијата Moral Theories and
Computer Sciences,
Macedonian Academy of Science and Arts, Institute for Philosophy and Social
Theory, Belgrade, Serbia, 14-17 октомври 2020, во Белград, Србија.
15.
Учество на Тркалезена
маса на тема: Bookstar-20 vs Covid-19. Повод: промоцијата на книгата Санитарна енигма. Во организација на
издавачката куќа Антолог од Скопје. 20 октомври 2020 во Кинотека на Македонија,
Скопје.
16. Учество на
промоцијата на 6-тиот Фестивал на
етнологијата, Етнофф, 28 октомври 2020, во Кинотека на Македонија, Скопје.
Национални
и интернационални истражувачки проекти
(2020-2021)
1.
Главен
уредник на едицијата Kierkegaard
Circle/Collection Aut, Trinity College,
Toronto, Canada and Central
European Institute Soeren Kierkegaard, Ljubljana, заедно со д-р
Примож Репар и проф. д-р Дарко Штрајн (од 2016)
2.
Главен
координатор на студиската група 8 за образование на Нордиските летни
универзитети за Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Исланд од 2020 до 2023
година под наслов, Futures of Education, cultural
diversity, imaginations and collective transformations in the time of the
Antropocene.
3.
Програмски
директор на 26-тиот Postgraduate
Interdisciplinary Course in the Humanities and Social Sciences. Psychoanalysis and Feminism: from Simone de
Beauvoir’s Second Sex to Contemporary Gender Studies. 4-8 мај 2020, во Дубровник,
Хрватска.
4.
Учесник во
научно-истражувачкиот проект на МАНУ „Поимник на книжевната теорија: второ
издание“, МАНУ, 2020.
Научни,
стручни и факултетски активности
(2020-2021)
1.
Член на редакцијата
на списанието „Литературен збор“,
5 ноември 2019 до денес.
2. Претседател на дисциплинската комисија за изрекување дисциплински мерки за повреда на должностите и неисполнување на обврските на студентите на додипломските студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Комисии за
одбрана на дипломски, магистерски и докторски трудови
(2020-2021)
Ментор
на една докторска дисертација, ментор на две магистерски тези и на над десетина
дипломски трудови. Член во над триесет комисии за одбрани на дипломски,
магистерски и докторски трудови.
Член на две магистерски комисии на
Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Љубљана.
Jasna Koteska, May 2020 |
The Ethnologist as a Writer: The Writer as an Ethnologist (2020) Book
Title: Етнологот како писател, писателот
како етнолог.
The Ethnologist as a Writer: The Writer as an
Ethnologist.
Editors: Ilina Jakimovska, Jasna Koteska
Publisher: Tabahon, Skopje.
Year: 2020
Language: Macedonian.
Pages: 226.
Dimensions: 21
ISBN 978-608-4566-22-9
Link to the description at
kupikniga.mk
Link to the media coverage "The
Ethnologist as a Writer: The Writer as an Ethnologist" by Ivana Smilevska,
at the Radio MOF website.
Link to the student workshops and the
description of the project in February-June 2019.
Link to the Ethoff n.6, 6th
Edition of the International Student Ethnographic Film Festival and the
promotion of the book October 28 2020.
Зборникот текстови Етнологот
како писател: писателот како етнолог (2020) е настанат како
резултат на серија работилници одржани пролетта 2020, на која учествуваа
студенти од повеќе катедри на Филолошкиот факултет и од Институтот за
етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при УКИМ. Целта
беше да се укаже на можната врска помеѓу книжевноста и етнографијата, со тоа
што студентите имаа задача креативно да „препрочитаат“ оригинални архивски
материјали, интервјуа на различни теми, и врз основа на тоа да напишат свои
дела. Така се добија овие 25 раскази, песни, есеи и стрипови, лажни писма и
патеписи кои ги дополнуваат постоечките етнографски материјали, замислуваат
како е да се биде некој од соговорниците и како завршуваат нивните приказни.
Тие ја испитуваат тенката граница помеѓу документарното и фиктивното, прикажувајќи
ја вистината како калеидоскоп од наративи и перспективи.
Student Workshops, February-June 2019 |