Комунистичка интима (2008)

Title: Communist Intimacy
Author: Jasna Koteska
Publisher: Templum, Skopje, Republic of Macedonia, 2008
Released: November, 2008
Language: Macedonian
436 pages, 19 cm
ISBN: 978-9989-189-41-8






Книгата е во продажба во културниот центар „Точка“ и во книжарниците низ земјава.

Оној што кај нас одново ја отвори оваа опасно подзаборавена тема, и тоа на еден до потресност искрен, убедлив и продлабочен начин е Јасна Котеска... Прашањата на Котеска... се меѓу клучните прашања на нашата држава: од какви морални суровини е составен нашиот културен и политички естаблишмент? Дали некои од писателите на нашите лектири биле бедни полициски денунцијанти? ... Дали нашата неспособност да се соочиме со сопственото минато, и во позитивна и во негативна смисла, не’ прави немоќни и во однос на сегашноста и во однос на иднината?
Никола Гелевски

Книга-сведоштво за рефигурацијата на „лешинарската“ меморија,… издигната до паничен факт на едно историско и политичко време. Книга за едно ѕвонење на таткото на врата, во еден петок наутро, за биографскиот интерпретативен пресврт во писмото на една жена, во еден доцен септември, првата половина на овој век.
Сенка Анастасова




Татко ми, во ретките моменти на хумор, го нарекуваше своето досие „биографија на пријателите“. Тоа е донкихотовски хумор. Прво ќе се насмееш, потоа ќе наместиш сложена насмевка, за на крајот да сфатиш дека се смееш во лицето на чистата тага… Сепак, татко ми навистина си замина со прошка за сите.

Човекот што минал низ 40-годишен политички прогон, гради стратегии за опстанок. Кога ѕвончето ѕвони, помислува: кој е следниот што ќе биде мачен? Ако ѕвони некој на вратата застанува и го ослушнува дишењето на тој што ѕвони. Едвај собира храброст да ѕирне низ клучалката. Дури и кога добро го познава тој што ѕвони, долго го набљудува.


Кога излегов од музејот на Штази, тајната источногерманска комунистичка полиција, во Берлин врнеше. Не можев да се мрднам од место. Не од шокот што го видов, туку затоа што не видов ништо. Смртта лебди во воздухот, на секој од тие застарени телефони им се пресудувало на десетици и на стотици контрареволуционери во низи. Но денес таму мириса на доместос и има црвени конопи зад секоја офуцана фотеља. Пред портата на дождот ми пријде еден Германец: „Нема ништо, нели?“ „Ништо“ – гледав во земја. „Чудно е тоа“ – продолжи - „ги изгубив сите што ги имав заради оваа зграда. Откако ја претворија во музеј доаѓам секој ден. Не можам да престанам да доаѓам. Нема ништо, нели? Баш затоа доаѓам. Морам секој ден да гледам баш во тоа ништото. Ме разбираш ли?“

Комунистичка интима/Јасна Котеска. - Скопје: Темплум, 2008. - 436 стр.; 19 см.
Библиографија: стр. 395-436.
ISBN 978-9989-189-41-9
a) Котески, Јован (1932-2001)
COBISS.MK-ID 73956362

Делот „Интимист“ од оваа книга е преведен на англиски, германски, унгарски и на словенечки јазик (во книга со истото име). Текстот доживеа критички акламации во Берлин и во Будимпешта.

 

Post a Comment