Courage is a Virtue between being a Coward and a Crazy Temper (Interview, January 16, 2020)




Interview, January 16, 2020.
Nova Makedonija Newspaper,
Read it online in Macedonian here
Title: "Courage is a virtue between being a coward and being a crazy temper"
Interviewer: Biljana Stojanovska, writer and journalist, check here

Македонската верзија е подолу.






Social reputation is... Social reputation is an illusion, nobody has it. A belief in one’s own reputation is like a dentist who if s/he fixes his/her own teeth, has a fool for a patient.
People who do not know how to make jokes at their own expense ... are often people who in the solitude of their rooms create hilarious jokes about the human existence. I don't have a high opinion of the everyday humor. Humor hides the excess sadistic enjoyment embedded in the order. Those who joke on their own account are the same as those who make jokes of others, plus with the appearance of modesty. The humor of the masses is in order for a person to better align his/her place in the system, to approve it more, to better fit in it, to legitimize the cruelty through sarcasm. Chaplin, for example, is a terrifying humor, one of the first to exploit the mass forms of today's machined laughter. Free laughter only occurs when one dismentles the system. Kafka is an authentic humorist. Beckett is a genius comedian. Buddha is happy, he is a bearer of a freed laughter.
I run away from ... I'm trying to run away from vices. Also from the “too much” and “too little”, in the sense that generosity is the golden mean between being stingy and being wasteful. Courage is a virtue between being a coward and being a crazy temper. Self-confidence is a golden mean between vanity and asceticism. But above all I am trying to run away from the effects of power. They are the worst form of grief.


History is important because ... it is mirroring the future, things that happened once will happen again. In addition, history reduces objects to words, and in this very specific sense, words are our shield against events and objects.
In your head, the future is beautiful when you imagine ... courage, wisdom and love, literally in this order.
A world without borders would be ... paradoxically, a world of chaos.
If there was an alien invasion of Earth by highly intelligent aliens, they would think (of the citizens of Earth) ... They would think, thanks to the universe that we are higher up in the food chain. Here is me trying to make an everyday humor :) We, as a human race, have almost no capacity to imagine such an encounter.
The best and the worst comes out of us in situations of ... of an edge, of the threshold. There comes out all the complexity of a human nature. As in Dostoevsky, where all beings are at the threshold.
The biggest evil is ... that "Earth is a colorful candy in a vacuum", as reads one of the first reports of astronauts in the 20th century when they saw Earth from space. There is nothing. If there is nothing, we are condemned to what in game theory is called Zero-sum game. Theory of zero result. Whatever the outcome of one action, or game is, the result is always zero. If the result of the football match is 2-0, it's still a Zero-sum game, because Manchester won, only because Arsenal lost. Ultimately no one has won, in the sense of winning without loss. In this sense, the greatest ultimate evil is the closed sky.

Македонска верзија


Општествената репутација е (не)важна кога... Општествената репутација е илузија, никој ја нема. Вербата во својата репутација е како изреката за стоматологот, кој доколку самиот си ги поправа забите, има будала за пациент.
Луѓето што не знаат да прават шеги на своја сметка... се луѓе кои во осамата на своите соби честопати создаваат најгромогласни шеги за човечкото постоење. Немам високо мислење за хуморот на секојдневието. Хуморот го крие вишокот садистичко уживање вградено во поредокот. Шегите на своја сметка се исти со тие на туѓа, а плус имаат и перфиден привид на скромност. Хуморот за масите е со цел човек подобро да го усогласи своето место во системот, повеќе да го одобри, подобро да се вклопи, да ја легитимира суровоста преку сарказам. Чаплин, на пример, е ужаснувачки хумор, еден од првите кој ги експлоатираше мас-формите на денешната машинизирана смеа. Слободната смеа се јавува само кога се разобичува системот. Кафка е автентичен хуморист. Бекет е генијален комичар. Буда е весел, носител на слободната смеа.
Бегаш од... се обидувам да бегам од пороци. Од премногу и премалку, во смисла во која великодушноста е средна мерка помеѓу скржавоста и расипништвото. Храброста е доблест помеѓу плашливоста и лудоста. Самодовербата е средна мерка помеѓу самоодрекувањето и суетата. А најмногу бегам од ефектите на моќта. Тие се најстрашна форма на тага.
Историјата е важна затоа што... е огледална со иднината, работите кои еднаш се случиле, ќе се случат повторно. Освен тоа, историјата ги редуцира предметите до зборови, а во сосема конкретна смисла, зборовите се штит против настаните и предметите.
Во твојата глава иднината е убава кога замислуваш... храброст, мудрост и љубов, буквално по овој редослед.
Светот без граници би бил... парадоксално, свет на хаосот.
Кога би имало инвазија на Земјата од високоинтелигентна раса вонземјани, тие (за земјаните) би си помислиле... Би помислиле: фала му на универзумот што сме на повисоко место во ланецот на исхраната. Еве се шегувам со хуморот на масите :) Ние, како човечка раса, немаме речиси никаков капацитет да ја замислиме таа средба.
Најдоброто и најлошото излегува од нас во ситуации на... раб, на праг. Таму избива сета комплексност на човечката природа. Како кај Достоевски, кај него сите битија се во рабна ситуација.
Најголемо зло е... дека „Земјата личи на шарена бонбона во вакуум“, како што гласеше еден од првите извештаи на астронаутите во 20 век кога ја погледнаа Земјата од вселената. Нема ништо. Ако нема ништо, осудени сме на тоа што во теорија на игрите се нарекува Zero sum game. Теорија на резултатот нула. Каков и да е резултатот од некоја акција, игра, резултатот секогаш е нула. Ако резултатот од фудбалскиот натпревар е 2:0, тоа е се’ уште Zero sum game, затоа што Манчестер можел да победи, само затоа што Арсенал изгубил. Ултимативно никој не победил, во смисла дека нема победа на човештвото, нема победа без губиток. Во оваа смисла, најголемото ултимативно зло е затвореното небо.

 

Post a Comment