Metamorphosis: Call for protection of citizens' privacy in the Republic of Macedonia
BoingBoing Cory Doctorow: Macedonia introduces universal, deep telco/Internet wiretapping; hardly any MPs bother to vote.
Во време во кое секој трет текст во македонските медиуми бара расчистување со кодошкото минато на Македонија, запрепастувачки е јавниот молк околу завчера (16.06.2010) донесениот Закон за електронски комуникации во македонскиот Парламент. Еден Кори Доктороу испадна позаинтересиран за приватноста во Македонија и за нашето човечко достоинство, одошто македонското општество со исклучок на неколку НВО и 400 граѓани.
Со овој Закон, МВР се стекнува со легитимно право за уште побизарен кодошки упад во приватноста на луѓето и од комунистичкиот. Сега дури и не треба дозвола од суд за Службите за безбедност да вршат надзор над вас, законот им дозволува тоа да го прават без судски налог, без јавен обвинител, дури и без знаење на провајдерите, и вие дури не може ни да ги тужите. Тие може да ги читаат вашите приватни писма, разговори, смси, да имаат увид во секоја една страница што сте ја отвориле на интернет, како и во секоја содржина што оди кон и од вашите машини. Циниците ќе речат дека така беше и досега. Но, беше незаконски. Од завчера е законски.
Прашање до 55-те пратеници во македонскиот Парламент кои го изгласаа Орвеловскиот Закон. Со која реплика ќе им објасните на вашите ќерки, синови, сопрузи, партнери, мајки, татковци, роднини, пријатели, колеги, соседи... дека токму вие сте биле тие што го аминувале овој криминален закон со кој, секоја порака на вашите најмили, може да биде прочитана од Службите за државна безбедност, без судски налог, а со целосно легално право (легалноста сте им ја дале вие, притискајќи го копчето „за“)?
Додека дочекаме Законот да падне на Уставен, наместо на локалните мрежи, отворете адреси на yahoo.com, gmail.com и на други провајдери, на кои, освен со сериозни правни и легални процедури, не може да ве читаат. Ако сурфате на Google.com, користете https://google.com (
тој не може да ги обезбеди страниците,
кои откако еднаш веќе сте ги пребарале, ќе ги отворите, дури не може да го заштити ниту кешот, но барем сурфањето на Google.com e
безбедно). Или користете го Tor пребарувачот.
Додека го пишувам ова, во раце го имам новиот број на англискиот Wired од 10 јуни 2010.
И во него на рекламата за Internet Explorer 8, пишува: во време во кое гледате уште едно видео со талентирано домашно милениче, Internet Explorer 8 блокирал илјада малвер напади од цел свет. Кој да не’ заштити од малвер нападите на македонскиот Парламент? Додека не го стори тоа Уставниот суд, ви останува да се штитите самите со средствата што засега ви стојат на располагање.
Линкови:
Филип Стојановски
Метаморфозис
Post a Comment