Jasna’s CV

Македонската верзија е подолу.
Jasna, 2012, Central Park, NYC
(photo by Goran Petrov)




















Jasna Koteska is a Macedonian theoretician, writer, philosopher, and university professor. Her book Communist Intimacy (Washington, 2014) made it on to the European Society of Authors' (Berlin, Paris) Finnegan's List of 30 books for 2015. 

Her book Kierkegaard on Consumerism (Toronto, Ljubljana, 2016) received the 2017 "Goce Delchev" state award for the outstanding contribution in the field of science in the interest of the Republic of Macedonia.

She is co-editor of Kierkegaard Circle/Collection Aut Trinity College Toronto & CERI-SK Ljubljana together with Dr. Darko Strajn, vice president for UNESCO. 

She is author of 11 books, most recently of Kierkegaard on Consumerism (Trinity College, University of Toronto and CERI, Ljubljana, 2016).

Koteska is born on the 9th of October, 1970 in Skopje, Republic of Macedonia. She is daughter of the Macedonian poet Jovan Koteski (1932-2001). She holds a Ph.D in literature and is Full Professor of literature, theoretical psychoanalisys and gender studies at the Faculty of Philology in Skopje, Republic of Macedonia. She completed MA in Gender Studies (2000) from the Central European University in Budapest, MPhil in Literature (1999), and PhD in Literature and Gender Studies (2002) from Ss. Cyril and Methodius University, Skopje. 

She started her academic career as Assistant Teacher (1995-1999), and Senior Assistant Teacher (1999-2002) at the Faculty of Philology, the Ss. Cyril and Methodius University, Skopje; and later as an Assistant Professor/Docent (2002-2007); Associate Professor (2007-2012), and since March 2012 she is a Full Time Full Professor at the same Faculty. She teaches courses on the 19th century Slovenian literature, Methodology of Teaching Literature, Postmodern Literature and Film, Macedonian Women's Literature, as well as more specialized graduate offerings on Jacques Lacan, and on the concept of abjection.

Koteska published eleven books, five in Macedonian, one in English, one in Slovenian, as well as two edited, and two translated books. Koteska has published over two hundred articles in academic journal in Macedonia and abroad. Her text have been translated into English, Slovenian, Bulgarian, Serbian, German, Slovakian, Hungarian, Albanian, Turkish, Greek and Romanian.

Her work focuses on the 19th century philosophy and literature (mainly Freud, Kierkegaard and Kafka), early psychoanalysis, feminism, communism, and postmodernism. She works with the variety of topics, including intimacy, sanitation, trauma, abject, repetition, the screen memories concept, miniaturization, and gestures. She writes columns in political magazines DnevnikGlobusForum, and most recently for the Macedonian edition of Deutsche Welle

She is a member of the Independent Writers' Association of Macedonia, the Philosophical Society of Macedonia, the Central European Research Institute Soren Kierkegaard (CERI-SK) in Ljubljana, and of several international academic boards. 

She worked as external consultant on Projects of Good Practices in Gender Equality for the European Union, Department of Justice (2011-2014). 




Books in Macedonian

  1. Postmodern Literary Studies (2002) 
  2. Macedonian Women's Writings (2003) – first history of the Macedonian Female Writings, 
  3. Sanitary Enigma (2006) 
  4. Communist Intimacy (2008) 
  5. The Freud Reader (November, 2013), a 860 pages volume, in which she gives extensive scientific commentaries on the earliest (1893-1899) Freudian concepts of hysteria, pain, fear, trauma, the principle of inertia, and the screen memories concept.

Books in Other Languages 

  1. Kierkegaard on Consumerism (September 2016) published in English by the Kierkegaard Circle, Trinity College, University of Toronto and CERI-SK, Ljubljana. 
  2. Intimist (2008) published in Slovenian by Apokalipsa Publisher from Ljubljana. 

Translated books

  1. Communist Intimacy (March, 2014) translated in English and published by NAP publishing house from Washington DC. The book made it on to the European Society of Authors' Finnegan's List of 30 books for 2015. 
  2. Sanitary Enigma (2012) translated in Bulgarian and published by KX Critique and Humanism Publisher from Sofia. 

Edited books 

  1. Representation of Gender Minority Groups in Media: Serbia, Montenegro and Macedonia (2015), book in English, co-edited with Tatjana Rosic-Ilic and Janko Ljumovic, and published by the Faculty of Media and Communication from Belgrade. 
  2. Veseliot den ili Maticek se zeni (2008), an edited volume about the the 19th century Slovene playwright Anton Tomaz Linhart published by the Faculty of Philology, Skopje.

Most recently she works on two book length projects Kafka, the Humorist, in which she explores the complexity of Kafka's funniness with regard to several of his repetitive topics, such as, animalism, miniaturization, asceticism, but also children, food, knives, and machines. Her second book length research project is titled: The Freud Reader 2. 1900-1901

For her selected 2011-2016 bibliography see here, for 2007-2011 here and for 2005-2009 bibliography here

[Last edited January 1, 2018]



Jasna in 2012 (photo by G. Petrov)












Јасна Котеска 

Јасна Котеска е македонска теоретичарка, писателка, филозоф и универзитетски професор. 

Нејзината книга „Комунистичка интима“ (Вашингтон, 2014) е избрана на т.н. Финеганова листа на 30 книги за 2015 година на Европското здружение на писатели (Берлин, Париз). 

Нејзината книга „Киркегард за конзумеризмот“ (Торонто, Љубљана, 2016) во 2017 година ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за извонредни остварувања од областа на науката од интерес за Република Македонија.

Работи како главен ко-уредник на едицијата Kierkegaard Circle/Collection Aut Trinity College Toronto & CERI-SK Ljubljana заедно со д-р Дарко Штрајн, заменик претседател за УНЕСКО. 

Авторка е на 11 книги, вклучително и најнова Кјеркегор за конзумеризмот (2016) отпечатена од Тринити Колеџот, Универзитет Торонто и ЦЕРИ-СК Љубљана.

Котеска е родена на 9 октомври 1970 во Скопје. Таа е ќерка на македонскиот поет Јован Котески (1932-2001). Котеска е доктор на филолошки науки и редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде предава словенечката книжевност 19 век, методика на наставата по книжевност, постмодерната во македонската книжевност и филм, како и поспецијалистички курсеви за Лакан и за концептот „абјект“ во книжевноста и културата. Котеска магистрирала книжевност (1999) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, потоа магистрирала родови студии (2000) на Централно европскиот универзитет во Будимпешта и докторирала книжевност и родови студии (2002) на УКИМ, во Скопје. Во 2002 година во Скопје докторирала на тема „Моделите на македонското женско писмо“, што е објавена во 2003 година како прва историја на македонското женско писмо. На Централноевропскиот универзитет во Будимпешта магистрирала на темата за родовите идентитети во два научно-фантастични романи на Филип Киндред Дик (1928-1982) и Вилијам Гибсон (р. 1948).

Котеска ја започнала академската кариера како помлад асистент (1995-1999) и асистент (1999-2002), потоа доцент (2002-2007), вонреден професор (2007-2012), а од март 2012 е редовен професор на Филолошкиот Факултет, УКИМ во Скопје. Од септември 2016 е раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на УКИМ.

Котеска објавила 11 книги, пет на македонски јазик, една на англиски, една на словенечки јазик, уредила две книги и две нејзини книги се преведени на други јазици. Таа објавила преку 200 студии во академски списанија во Македонија и во странство, а нејзините студии се преведени на англиски, словенечки, бугарски, српски, германски, словачки, унгарски, албански, турски, грчки и романски јазик.

Котеска претежно работи со 19-вековната филозофија и книжевност (Фројд, Киркегард и Кафка), раната психоанализа, феминизмот, политичката теорија за комунизмот и постмодерната, како и со широк спектар на теми: интимноста, санитарноста, траумата, абјектот, повторувањето, гестовите

Пишува колумни за политички весници како ДневникГлобус, Форум и најново за македонското издание на Дојче Веле.

Котеска е член на Независните писатели на Македонија,  Филозофското друштво на Макеоднија, Централноевропскиот истражувачки институт Сорен Киркегард во Љубљана, како и на повеќе меѓународни академски советодавни тела. Таа е добитник на Благодарница на Словенечкиот центар во Скопје (2015) и на Благодарница на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Р. Македонија (2014).

Котеска работела како надворешен стручен консултант за родова еднаквост во Европската комисија за правда во Брисел (2011-2014). 


Книги на македонски јазик
  1. Постмодернистички литературни студии (Македонска книга, 2002) 
  2. Македонско женско писмо (Македонска книга, 2003), прва историја на македонското женско писмо,
  3. Санитарна енигма (Темплум, 2006)
  4. Комунистичка интима (Темплум, 2008)
  5. Фројдовска читанка (Култура, 2013), том од 860 страници, во кој научно се истражувани и коментирани најраните концепти на Фројд (од 1893 до 1899) за хистеријата, болката, стравот, траумата, принципот на инерција, како и концептот на т.н. екрански мемории.

Книги на други јазици

  1. Киркегард за конзумеризмот (Тринити Колеџ, Торонто и ЦЕРИ-СК, Љубљана 2016), на англиски јазик
  2. Интимист (Апокалипса, Љубљана, 2008), на словенечки јазик
Уредник на книгите

  1. Веселиот ден или Матичек се жени (Филолошки факултет, Скопје, 2008) монографија за словенечкиот драматург од 18 век Антон Томаж Линхарт – на македонски јазик
  2. Претставување на родовите малцински групи: Србија,Црна Гора и Македонија (Факултет за медиуми и комуникација, Белград, 2015), ко-уредник заедно со Татјана Росиќ-Илиќ и Јанко Љумовиќ – на англиски јазик

 Книги преведени на други јазици

  1. Санитарна енигма (КХ- Критика и хуманизам, Софија, 2012) на бугарски јазик
  2. Комунистичка интима (NAP, Washington DC, 2014) на англиски јазик. Книгата беше избрана за една од 30 книги за 2015 година на т.н. Финеганова листа на Европското здружение на писатели.


Во моментов Котеска работи на две книги: Кафка, хумористот, во која ја истражува комплексноста на хуморот кај Кафка и кафкиските теми за анимализмот, минијатуризацијата, аскетизмот, но и децата, храната, ножевите и машините, како и на книгата Фројдовска читанка 2 (1900-1901).

За селективни делови од нејзината библиографија за 2005-2009 да се погледне овде, за периодот 2007-2011 овде и за  2011-2016 овде.

Jasna Koteska
photo by G. Petrov, 2017

Koteska
photo by Goran Petrov, 2017


[Последна промена 21 јануари 2017]

 

Post a Comment