Biography, Jasna Koteska 2022
Jasna Koteska. Pic Stitch 1980s-2022 :) |
It is in Macedonian only.
If you need to, You can always use google translate.
Greetings
Редовен проф. д-р Јасна Котеска
Филолошки факултет „Блаже
Конески“, УКИМ Скопје
Јасна Котеска
(1970, Скопје) е македонска писателка, филозоф и редовен професор по
хуманистика (книжевност, родови студии и теориска психоанализа) на Филолошкиот
факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Котеска
има магистрирано и докторирано книжевност и родови студии (1999 и 2002 година)
на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и има магистрирано родови
студии и теорија на културата (2000 година) на Централно-европскиот универзитет
во Будимпешта, Унгарија.
Проф. Котеска предава
редица предмети од областа на книжевноста, родовите студии и теориската психоанализа
на својата матична Катедра, како и на Филозофскиот факултет во Скопје и на
докторските студии по филозофија на Катедрата за филозофија при Филозофскиот
факултет во Љубљана, Словенија.
Проф. Котеска е
авторка на 12 книги за Зигмунд Фројд, Сорен Кјеркегор, комунизмот, санитарноста
и други сродни теми, објавени во Вашингтон, Торонто, Љубљана, Белград, Софија и
Скопје.
Дел од
нејзините книги се Кјеркегор за
конзумеризмот (2016, Торонто и Љубљана), Фројдовска читанка, рана психоанализа 1893-1899 (2013, Скопје), Комунистичка интима (2008, 2022, Скопје;
2014, Вашингтон) и Санитарна енигма
(2006, 2021 Скопје; 2012 Софија).
Во 2017 таа е
добитничка на државната награда Гоце
Делчев за извонредни остварувања во областа на науките од интерес за
Република Македонија. Нејзината книга Комунистичка
интима во 2015 е избрана на т.н. Финеганова листа од 30 најзначајни книги
за 2015 година од Европското здружение на писатели (Берлин и Париз).
Котеска е
авторка на над 200 академски студии во земјава и странство, преведени и
објавени на преку 12 јазици, во широк спектар на теми: интимност, санитарност,
психоанализа, траума, повторување, гестови, како и студии за 19-вековната
филозофија и книжевност.
Котеска е
авторка на првата историја на македонското женско писмо 1945-2000 година,
книгата Македонско женско писмо
(Скопје, 2002).
Таа е главен
уредник на едицијата Collection Aut на Тринити Колеџот во Торонто и на Централно-европскиот
истражувачки центар за Сорен Кјеркегор (ЦЕРИ-СК) во Љубљана.
Од 2020 до
2023 година таа е раководителка на студиската група за образование во која ги
раководи скандинавските земји во рамките на Нордиските
летни универзитети.
Котеска е член
на Филозофското друштво на Македонија, Независните писатели на Македонија, како
и на бројни меѓународни организации и одбори.
Во моментов
работи книга со наслов Принципите на
дигиталното јас во коавторство со акад. Љупчо Коцарев. Паралелно работи на
два ракописи Фројдовска читанка 2
(1900-1901) и Кафка, хумористот.
Објавени и уредени книги од проф. д-р Јасна Котеска
1.
Koteska, Jasna. Kierkegaard on Consumerism (Киркегард за
конзумеризмот), Trinity College, University of Toronto, Canada, and Central
European Research Institute Soeren Kierkegaard, Toronto and Ljubljana, 2016. ISBN 9781988129020 (на англиски)
2. Котеска, Јасна. Фројдовска читанка
Рана психоанализа 1893-1899, Култура, Скопје, 2013. ISBN 9789989327193
3. Котеска, Јасна. Комунистичка интима,
Темплум, Скопје, 2008. ISBN
9789989189418
4. Котеска, Јасна. Комунистичка интима,
Антолог, Скопје, 2021 (реиздание). ISBN
978-608-243-462-9
5. Котеска, Јасна. Санитарна енигма,
Темплум, Скопје, 2006. ISBN
9989902879 Котеска, Јасна. Санитарна
енигма, Антолог, Скопје, 2020
(реиздание) ISBN 9786082434131 [12]
6. Котеска, Јасна. Македонско женско
писмо, Македонска книга, Скопје, 2003.
ISBN 9989460477
7. Котеска, Јасна. Постмодернистички
литературни студии, Македонска книга, Скопје, 2002. ISBN 9989460191
8. Koteska, Jasna. Communist Intimacy,
NAP, Washington DC, 2014. ISBN
9780989916974 (на англиски)
9. Котеска, Яасна. Санитарна енигма,
ХК, Критика и хуманизьм, София, 2012.
ISBN 9789545871603 (на бугарски)
10 Koteska, Jasna. Intimist, Društvo
Apokalipsa, Ljubljana, 2008. ISBN
9789616644303 (на словенечки)
11 Јакимовска Илина, Котеска Јасна. Етнологот
како писател, писателот како етнолог. Табахон, Скопје, 2020. ISBN 9786084566229[13]
12 Tatjana Rosic, Ilic, Jasna Koteska, Janko Ljumovic. Representation of Gender Minority Groups in Media: Serbia, Montenegro
and Macedonia, Faculty of Media and Communication FMK, Belgrade, 2015. ISBN 9788687107540 (на англиски)
13 Котеска, Јасна. Антон Томаж Линхарт, Монографија. Веселиот
ден или Матичек се жени, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, 2008. ISBN 99897246336 (на македонски).
Post a Comment