Комунистичка интима (2008)

Title: Communist Intimacy
Author: Jasna Koteska
Publisher: Templum, Skopje, Republic of Macedonia, 2008
Released: November, 2008
Language: Macedonian
436 pages, 19 cm
ISBN: 978-9989-189-41-8






Книгата е во продажба во културниот центар „Точка“ и во книжарниците низ земјава.

Оној што кај нас одново ја отвори оваа опасно подзаборавена тема, и тоа на еден до потресност искрен, убедлив и продлабочен начин е Јасна Котеска... Прашањата на Котеска... се меѓу клучните прашања на нашата држава: од какви морални суровини е составен нашиот културен и политички естаблишмент? Дали некои од писателите на нашите лектири биле бедни полициски денунцијанти? ... Дали нашата неспособност да се соочиме со сопственото минато, и во позитивна и во негативна смисла, не’ прави немоќни и во однос на сегашноста и во однос на иднината?
Никола Гелевски

Книга-сведоштво за рефигурацијата на „лешинарската“ меморија,… издигната до паничен факт на едно историско и политичко време. Книга за едно ѕвонење на таткото на врата, во еден петок наутро, за биографскиот интерпретативен пресврт во писмото на една жена, во еден доцен септември, првата половина на овој век.
Сенка Анастасова




Татко ми, во ретките моменти на хумор, го нарекуваше своето досие „биографија на пријателите“. Тоа е донкихотовски хумор. Прво ќе се насмееш, потоа ќе наместиш сложена насмевка, за на крајот да сфатиш дека се смееш во лицето на чистата тага… Сепак, татко ми навистина си замина со прошка за сите.

Човекот што минал низ 40-годишен политички прогон, гради стратегии за опстанок. Кога ѕвончето ѕвони, помислува: кој е следниот што ќе биде мачен? Ако ѕвони некој на вратата застанува и го ослушнува дишењето на тој што ѕвони. Едвај собира храброст да ѕирне низ клучалката. Дури и кога добро го познава тој што ѕвони, долго го набљудува.


Кога излегов од музејот на Штази, тајната источногерманска комунистичка полиција, во Берлин врнеше. Не можев да се мрднам од место. Не од шокот што го видов, туку затоа што не видов ништо. Смртта лебди во воздухот, на секој од тие застарени телефони им се пресудувало на десетици и на стотици контрареволуционери во низи. Но денес таму мириса на доместос и има црвени конопи зад секоја офуцана фотеља. Пред портата на дождот ми пријде еден Германец: „Нема ништо, нели?“ „Ништо“ – гледав во земја. „Чудно е тоа“ – продолжи - „ги изгубив сите што ги имав заради оваа зграда. Откако ја претворија во музеј доаѓам секој ден. Не можам да престанам да доаѓам. Нема ништо, нели? Баш затоа доаѓам. Морам секој ден да гледам баш во тоа ништото. Ме разбираш ли?“

Комунистичка интима/Јасна Котеска. - Скопје: Темплум, 2008. - 436 стр.; 19 см.
Библиографија: стр. 395-436.
ISBN 978-9989-189-41-9
a) Котески, Јован (1932-2001)
COBISS.MK-ID 73956362

Делот „Интимист“ од оваа книга е преведен на англиски, германски, унгарски и на словенечки јазик (во книга со истото име). Текстот доживеа критички акламации во Берлин и во Будимпешта.

 

Mini Review of Intimist by Žiga Valetič














Jasna Koteska
INTIMIST

Založba Apokalipsa je v zanimivi zbirki Fraktal lansko leto izdala izbor tekstov makedonske profesorice in literarne teoretičarke Jasne Koteske. Izbor je povzet iz njenih številnih knjig, kjer eklektično obravnava najrazličnejše teme, ki so zaznamovale 20. stoletje, njeno pisanje pa je – če ga primerjam s slovenskimi avtorji – še najbolj podobno pisanju Marcela Štefančiča, jr., iz njegove knjige The Greatest Hits. Tudi zato, ker v razmišljanja o sodobnem času oba vpletata številne pop-kulturne reference.

Ocena knjige 7,5/10

Žiga Valetič

Link

Издавачката куќа Апокалипса во интересната едиција Фрактал минатата година го издаде изборот текстови од македонската професорка и литературна теоретичарка Јасна Котеска. Изборот е преземен од нејзините бројни книги, во кои еклектично обработува најразлични теми, кои го обележија 20 век, а нејзиното пишување, ако го споредувам со словенечките автори, е најблиско до тоа на Марсел Штефанчич во неговата книга „Најголемите хитови“. Меѓу другото и затоа што и двајцата, во промислувањето на современите теми вплетуваат бројни поп-културни референци.

Оценка на книгата 7.5/10.

Жига Валетич

Линк

 

Mini Review of "Intimist" (2008) in Slovene

Intimist by Jasna Koteska
Translation: Namita Subiotto
Publisher: Društvo Apokalipsa, Ljubljana
zbirka Fraktal, 2008, m. v., 216 str.
10 €




Mini Review of Intimist (2008) by Tina Bilban. Link to the review by Tina Balaban on the Slovene portal Bukla .

"Intimist" prinaša avtorski izbor esejev mlade makedonske publicistke. Obsežen in raznolik niz pretežno drobnih esejev povezujeta njihova prepričljiva aktualnost in nabor motivov iz interdisciplinarnega horizonta sodobnega intelektualca. Skozi eseje sledimo tako najnovejši filmski produkciji in ekscesom potrošništva kot znova aktualnemu fenomenu Franza Kafke. Knjiga je razdeljena na enajst sklopov, znotraj katerih se eseji tematsko bistveno povezujejo in nadaljujejo – izpostavljene problematike pa spretno drsijo med večno zanimivim in sveže aktualnim. Prvi sklop – Očetje in sinovi – prastari odnos med drugim razčlenjuje na podlagi Almodovarjevih filmov, ˝uniform˝ Gapovih prodajalcev in Žižkove diagnoze postmoderne kot podrejene užitku. Zadnji sklop, ki celotno zbirko naslavlja, pa deloma stopa iz primarne vezanosti na družbeno v oseben, avtobiografski kontekst. Avtorica namreč kritično prikaže usodo svojega očeta, ki je bil v Jugoslaviji šestinštirideset let svojega življenja predmet policijskega nadzora.
Tina Bilban


Интимист (2008) го донесува авторскиот избор есеи од младата македонска публицистка. Опсежниот и разнолик избор, од претежно кратки есеи е поврзан на убедлив и актуелен начин, со мотиви од интердисциплинарниот хоризонт на современиот интелектуалец. Низ есеите ја следиме најновата филмска продукција, ексцесот на потрошувачкото општество и одново актуелизираниот феномен на Франц Кафка. Книгата е поделена на единаесет есеи, тематски поврзани преку феномени што вешто се лизгаат од вечно интересни до свежо актуелизирани. Првиот дел „Татковци и синови“ го тематизира овој прастар однос преку филмовите на Алмодовар, проблемот на „униформата“ во продавниците на „Гап“ па се’ до дијагнозите на Жижек за постмодерната како епоха подредена на уживањето. Последниот есеј, според кој е именувана книгата, делумно истапува од примарната врзаност за општествените теми и има личен, автобиографски контекст. Во критичен дух, авторката ја прикажува судбината на својот татко, кој во Југославија бил 46 години од својот живот, предмет на полициски надзор.
Тина Билбан

Линк до рецензијата на Тина Билбан на словенечкиот портал Букла Bukla

 

Absent Fathers (2007)


Absent Fathers (2007)

by Jasna Koteska

The text has been published as a column in the Macedonian political magazine Globus




One of the most important elements of the pop culture today is the picture of the “absent” father as the “carrier of good”.
The father has to tell his children where the brutality of the system lies.

1.
In Almodóvar’s new film “Volver” (2006) there are no men. Even more dramatically, there are no fathers. There is a scene at aunt’s funeral when there is a group of men standing petrified, silent and insignificant. As statues of a past time, when they used to have a role. However, they are useless now. “Volver” is a film about two sisters, a daughter and a mother. And some accompanying women from the neighbourhood who come to have their hairs done and make pies. They are the dough of Almodóvar’s world. The second scene in which there are men is again a mass scene. It is in the restaurant held by Penelope Kruz. They are a film crew that makes a movie there. The men come to have lunch, they make noise without sexual threats, they eat, drink, pay and go their own way. The only man profiled in “Volver” is Penelope Cruz's husband. He is preparing to commit an incest but he is killed in time and the child is saved.
This is the case with Almodóvar who makes movies about modern times. His poetics says that the harmonious world today is possible only with a radical absence of men. The world remains patriarchal. But the women in it feel good, only if they do not see men. With Almodóvar, the lines between the men’s and women’s world are fully drawn. There is no possibility for reconciliation between them.

2.
Almodóvar is a symptom of an important line in the pop culture. I shall call it a culture of absent fathers. Do you remember the cult series for teenagers “Family Ties” by Golbderg in the early 1980-es? It was a story of a father, mother and their four children, the son Alex (played by Michael J. Fox), the sisters Mallory and Jenifer and the youngest brother Andy. It was the first really commercial family sitcom. It was successful after the producers had realized that the happy family image is possible only if the father is deprived of all status privileges. Steven Keaton was a complete opposite of the Freudian sadistic father of the past times. The father did not impose taste, values and principles. That is how he became the first real hero father. The family sitcoms that followed took over this image of the confused liberal father; another example of this kind was the Cosby Show.

3.
The road from “Family Ties” to Almodóvar’s films was walked by another father. Benigni’s one from “La vita è bella” (1997). The father and the son are prisoners in the Nazi death camp. The father starts building an imaginary world to protect his child from the horrors of the reality. Benigni’s message was that the innocent humour can beat the radical evil. Which is not correct. What was good with Benigni’s father? Behind his polite mask, the father was hiding the endlessly brutal regime, not allowing his son to grow up. It would be a true horror for a child to have a psychotic father like Benigni, states Zizek. With his protective mask, this father does not guard his children from the sadism of the world. He only pulls up a mask with which he hides the excess of sadistic enjoyment, built in he patriarchate. The masks of Steven Keaton and Benigni finally led to the radical absence of the father with Almodóvar.

4.
The representation of the fathers of the late 20th century has reached its “political” aim, which was a total paralysis of the resistance. This is one of the fundamental lessons of the psychoanalysis. Goldberg’s and Benigni’s fathers were building a world of false comfort. They wanted to hide the disastrous sexual, political and family relations of today with an imaginary world. While the everyday is radicalised to horrible sadism, the worst variant is to put on a mask of a seeming absence of trauma and feed it to the children.
The political lesson is the opposite. The father must not disappear. He must tell his children where the brutality of the system is. He must assume the responsibility to help his children see where the political evil lies. And in this way where the potentials for resistance are. Later, the child will know how to help himself. Both himself and those who need help.


Translated by: Elizabeta Bakovska
Text available on: Blesok/Shine

 

Interview for “Sanitary Enigma” (2007)



Интервју со Ивана Тасев за „Теа Модерна“ 25 април 2007

Идеалното чисто го има само во ништото

An Ideally Clean could be Found in the Void Only



*Вашиот најсвеж пишан труд го носи насловот “Санитарна енигма” дело кое го напишавте потикнати од недовршената психоанализа на Фројд за потребата на луѓето за чистото, хармонијата и редот, како едни од елементарните обележја во дефинирањето на културата. Како би ги дефинирале овие три карактеристики, ама онака на прва?


Од прва, би ги дефинирала како и повеќето луѓе. Чистото е пола здравје. Хармонијата е некое океанско чувство, кога гледаш летно небо и си мислиш дека небесната хармонија е доказ дека животот има смисла. Редот е кога се обидуваш да ги вратиш играчките што твоето дете ги расфрлало низ собата "на свое место". Иако е сосема нејасно што значи "своето место" за еден предмет? Но, тоа е од прва рака. Вториот поглед секогаш е поточен. Чистото може да биде и болест. Редот - диктаторски режим на навиките. Навиките се корисни, штедат психичка енергија. Но, толку е ќарот од нив. Навиките се ужасно ропство. Луѓето добро го знаат тоа, кога се бунат против режимот на баналното секојдневие.


*Дали потребата за чисто има подлабоки корени и дали во себе крие одредена енигма, задскриена зад телесниот феномен и потребата за хигиенски вредности? Со други зборови која е неговата психичка оправданост?


Чистото има малку психичка оправданост. Чистото е културен диктат. Ние не чистиме затоа што лично имаме голема полза од него. Видете ги децата. Тие немаат јасна идеја за нечисто. Пружаат ужасен отпор на нашите усилби да "ги доведеме" во редот на чистото. Таму каде ние гледаме нечисто, тие не гледаат. Но, потоа децата стануваат возрасни. Значи завршуваат истовремено и како џелати на културата, но и како нејзини трпители. Тоа е врзан круг. Психичката вредност на чистото е во желбата за симетрија. Кога луѓето бришат, тие бришат нивоа на асиметријата. Но, нема место на кое ќе застанат со таа манија. Идеалното чисто го има само во ништото. Испаѓа дека чистиме за да дојдеме до ништото. Тоа го прави чистењето секогаш веќе невозможна задача.

*Вашите истражувања за феноменологијата на чистото се обемни и минуциозни, теоретски, комуниколошки, културолошки, социјални, психолошки.... Од каде се црпевте инспирација и примери за вашето истражување бидејќи поимот за чисто го третирате преку фашизмот и расизмот, преку сексуалноста, зазорот од себе, преку културните табуа....?


Еднаш кога ќе почнете да ја набљудувате културата како диктат на чистото, сe’ почнува да изгледа поинаку одошто сака да се прикаже себеси. Ќе видите реклама за менструални влошки и гледате дека тие се тестираат со сина крв, затоа што тоа е најдалечната асоцијација што би ја направиле со крвта. Културата сака вие да не го гледате "нечистото". Наводно, за да не се вознемирувате. А потоа добивате слики од труповите на улиците на Багдат. Фашизмот што го спомнавте. Ние сме "дресирани" на светот да гледаме во термините на "нечисто" и "чисто" население. Доселениците, азилантите, избеглиците–во предградијата со нив! Во нашите центри само чистите, значи "нашите". Во коренот на секој расизам се наоѓа санитарната стигма, ритуалната чистота. Сексуалноста е ужасно табуизирана. Буржоаската хиерархија го парцијализира нашето тело. Горниот телесен стратум е медиумски повластен (главата, торзото), долниот е цензуриран. Но тоа не важи за се’, спермата, на пример, има повластен статус во нашата порнографска култура.

*Различни културни практики имаат различни поимања за чистото... Би можеле ли тоа поексплицитно преку директни примери да го илустрирате?


Како да не. Во Америка може да одите со чевли во кревет и тоа е дел од нивното поимање на чистото. Во Индија вистински може да се "исчистите" само со измет од крави – тоа е дезодорансот на таа култура, бидејќи кравата е свето животно. Постојат мноштво различни практики за тоа што е чисто во различни култури. И статистиките за смртноста во разни култури, покажуваат дека болестите имаат малку врска со чистото. Чудно, ама така е. Идејата за тоа што е чисто е во нашите глави. Ако ставите чевли на трпезата или храна во спалната соба, вие не ја зголемувате можноста од заболувања, туку ја загрозувате потенцијалната класификација. А тоа е ужасен удар за поредокот.

*Интересна е многу феноменологијата дефинирана како зазор кон дупките, процепите, празнините низ кои проекуваат валканиците....


Ние се срамиме од сите вишоци и ги прогласуваме за валканици. Вишоците во денешниот свет се комплексни. Има телесни вишоци - салото е непожелно, пожелен е корпорацискиот струк. Анорексијата е потврда за претворање на храната во трендовски вишок. Оваа нова болест е удар против вишокот семејни обреди, против неделните ручеци. Потоа постојат филозофски вишоци. Ние ритуално ја жртвуваме "нашата" смисла за да биде прифатена од "сите". Темелно се срамиме и од својата и од туѓата работа, што значи дека и работата стана вишок во нашиот свет. Кујните се изолирани од рестораните, трудољубивите студенти пред своите колеги се снебиваат заради долготрајното учење, непријатно ви е ако седите во собата во која некој чисти. Имаме вишок сексуалност. Нашата ера жанровски ја легитимираше порнографијата, додека сексуалноста рапидно ја снемува од нашите интимни себечувства. Пријателството, роднинството, сојузништвото е непожелен вишок блискост во нашиот корпорациски свет. И да не редам понатаму. Се обидов да создадам концептуална алатка со која ќе објаснам во име на која системска логика, се "измислени" овие вишоци. А таа логика се вика санитарност. Ние живееме во санитарна ера.

*Велите дека е битно измиеното место да се естетизира. Во некои македонски села постои практика, откако домаќинката ќе го исчисти лавабото и избрише од капки, да го покрие со миленце. Дупката во која заминала валканицата е тампонирана со народна ракотворба, како естетизирање на заканата што ја крие одводната цевка. Примерот на Хауард Хјуз (Авијатичарот) кога со ужас гледа во дупката низ која истекува сапуница помешана со влакна или пак антолошката сцена од Треинспотинг кога главниот лик влегува заедно со фекалиите во дупката од клозетската школка.... Каква закана е одводната цевка, каде води таа?


Примерот со миленцето над лавабото ми го кажа Никола Ефтимов. Замислете колку е апсурдна таа практика на нашите баби, тие вршеле санитаризирање на заканата од одводната цевка. Кога ја следите оваа проблематика, ќе наидете на луѓе што искрено ви велат дека имаат екстремен страв, не од валканоста на тоалетите, туку од заканата каде води таа одводна цевка! Таа закана е фантазам во кој ги инвестираме нашите стравови. Дека паралелно со овој свет, постои некој сосема подземен град, некаква паралелна онтологија, негатив на горното, тополошка дупка која го голта вишокот супстанца што не можеме да го поднесеме. Како некаков Хаос во кој исчезнува се’, освен еден вишок кој не може да биде проголтан. Тоа е вишокот што, ние како цивилизација, не сакаме да го видиме. Тој вишок е всушност, вишокот уживање. Заради него се чувствуваме виновни, тоа е изворот на нашата нечиста совест.

*Дали луѓето кои дури манијакално имаат потреба од стругање и чистење на своето тело има силна грижа на совест за нешто што ја измачува нивната потсвест, па така несвесно имаат потреба да ги исперат од себе своите гревови?


Нечистата совест е производ на цивилизацијата на чистото. Погледнете како сме социјализирани. Ако не чистиш доволно, сметаш дека не си доволно добар. Ако не работиш доволно, не си доволно добар. Но, проблемот е дека ова е затворен круг. Тоа го знаат луѓето кои многу работат. Колку повеќе чистат, само се чувствуваат повиновни. Колку повеќе работат, мислат дека не работат доволно. Тоа не се наивни операции. Ние сме темелно заробени. Наместо пофалба и прослава на убавината, смислата, радоста, богатството, ние сме цивилизација која концептуализира вина. Оркестрирани сме да мислиме дека сме исконски виновни. Целата култура, на чело со религијата и медиумите, е фабрика за производство на грижа на совеста. Ако не си го купил вистинскиот шампон, мислиш дека си отпадник. Тоа е сосема смешно. Купи го овој шампон за да одиш во рајот. Тоа создава реактивни типови. Наместо да се спротивстават на местото на конфликтот, луѓето ги голтаат потиснатите емоции. А потоа тие емоции ги прогонуваат поради никогаш неодреагираната емоција. Разликата меѓу активниот и реактивниот човек е дека вториот наместо да се побуни пред шефот, ќе му плукне на глава, ако овој поминува под неговиот прозорец. Реактивниот човек е производ на нашата санитарна ера.

*Дали потребата за чистото потекнува со самото појавување на човекот или...


Тоа е добро прашање, а јас не сум сигурна дека го знам одговорот. Мислам дека античките времиња имале подобри начини за "средба" со анималното во себе. Нам не ни требаат високи теории. Ни треба да почнеме да мислиме "од долу", дека сме, за почеток, дел од природата. Во антиката имало јавни тоалети, но и цели обреди со кои ќе се сретнеш и ќе се "поздравиш" со својата анимална природа. Тоа било услов за здравје. Наспроти нив, нашата модерна цивилизација стана место на срам. Мислам дека цивилизацијата што ја живееме денес, започнува барем од 16 век, од ренесансата. Секако, нашата корпорациска цивилизација го доведе до екстрем тој санитарен диктат.

*Многу уметници концептуалисти изминативе години креираат дела кои предизвикуваат интригантност и потреба да се погледнат, но веќе во втората минута откако делото ќе го наведе спектаторот да ја воочи неговата суштинска порака предизвикуваат гадење....


Се сеќавате на "Балкански барок", инсталацијата за која Марина Абрамовиќ доби Златен лав на Биеналето во Венеција во 1997? Секој ден по неколку часа таа седеше врз куп свежи, крвави говедски коски и ги чистеше, пеејќи тажаленки. Тоа беше јасна реплика на Балканските војни, но и на традицијата на женското миење на телото на покојникот на Балканот. За првиот момент, вие сте одвратени од таа глетка. А сепак таа сцена ве привлекува до степен кога не можете веќе да престанете да гледате во тоа, како таму да има некакво решение за вашите темелни прашања. Што тоа нам ни се случуваше на Балканот во 90-тите и зошто? Не верувам дека турбо-фолк културата на испрани и испеглани тела можеше да не’ доближи до вистината за нашата епоха во нашето историско време. Но, овие перформанси можеа. Во нив никој не ве лаже. Наместо да гледате во рамнодушната испегланост на секојдневието, добивате шок. А шокот секогаш содржи вистина, макар и вистина што тешко ќе ја проголтаме.

*Како ја објаснувате потребата на човекот да го гледа па макар и со ќошето на едното око, гадливото, морничавото, страотното... Како воајерско карактерно обележје што секој човек го носи во себе или..?


Човекот е воајер. Тоа не е секогаш погрешно. Таму, во шокот на воајерството, тој добива извесна вистина. Дури и начини, како да се справи со вистината. Вистините се ретки и скапоцени. Вистините не ги добиваме секојдневно. Секојдневието е составено од глупости, од автоматизирани навики, кои лажно ги сметаме за вистини.

*Да речеме сите материи кои човекот – субјектот што ги исфрла од својот организам како објекти се подведуваат под поимот абјекти. Што тоа значи?


Ќе ви дадам еден банален, дури и грозен пример. Да речеме, повраќаниците. Кога ќе повратите, на повраќаницата гледате како на ужасна работа. Да ви зависи животот од тоа, нема никогаш да го проголтате повторно тоа што излегло од вас. Иако во него се’ уште има хранливи материи, ако мора така грубо да се каже. Социјализирани сме повраќаницата да ја сметаме за ужасно табу, и тоа мора да се почитува, луѓето се згрозени од тоа. Но, тоа не значи дека таму има вистина, во нивното скривање. Ќе ви дадам обратен пример. Луѓето пушат. Во цигарите, докажано, нема ниедна корисна материја. Се’ во нив е грозно штетно. Ама цигарите не се табуизирани, тие се дел од нормалната културна размена. Не е ова што го зборувам културно циркузантство. Повраќаниците се доживуваат како нечисти бидејќи биле дел од мене. Се’ уште ја содржат меморијата на мене. Но, веќе не се дел од мене, значи станале нешто надвор. А сепак не се ниту предмет, како цигарите. Прашање што е абјект, тука се објаснува. Тоа е она што стои помеѓу. Не е ниту су-бект (значи не е Јас), но ниту об-јект (значи светот и неговите предмети). Оттука името аб-јект. Ниту ваму, ниту таму. Нешто помеѓу. Културата најмногу се плаши од помеѓу. Тие "помеѓу" се сите феномени кои ја загрозуваат потенцијалната класификација. Културата сака своите луѓе да ги види како еднаш стабилни и засекогаш стабилизиризани. Се’ што ја загрозува потенцијалната класификација, културата го цензурира како нечисто. Културата сака јасна ситуација со своите субјекти. Сака да ве попише според единствениот матичен број, да ве има како бројка, и како бројка и ве има.

*Во вашето дело главен акцент е ставен на манипулација со чистото и нечистото за имиџот кој се гради околу едното и другото. За какво подведување станува збор и кој го спроведува?


Го спроведуваат носителите на културата. Ги препознаваме во медиумските могули, во мултинационалните компании, во сите кои имаат корист да ве бројат како потрошувач. Тие го користат нечистото како иконографски режим за продукција на страв. Медиумите рано сфатија дека кој го владее чистото, тој е господар на светот. Кога CNN ќе пласира режим на избрани нечисти слики, вие знаете дека тој го диригира вашето поведение. Кога во 2003 година, на ЦНН беа прикажани крвавите слики од мртвите тела на синовите на соборениот ирачки претседател Садам Хусеин, Доналд Рамсвелт јасно кажа дека тоа ќе помогне светот да види дека Садам нема да се врати на власт. САД го повредија човечкото достоинство на убиените синови, делејќи ги фотографиите по светските новински агенции. Но, тие знаеа дека трупот е моќна слика. Скоро имаше слика на мозок на насловната страница на "Вест". Кога некој продуцира вакви слики за масовна потрошувачка, мора да е свесен дека испраќа идеолошка порака. Чија цена, вообичаено, ја плаќа потрошувачот.

*Не сакам да го потценам вашиот напор, напротив тој е еден од ретките и интригнатните.... Сепак, дури и аналитичките способности на Фројд како и самиот вели капитулираат и остануваат опскурни кога се говори за мистеријата на чистото... Дали преку вашето истражување успеавте да ги санирате дупките кои тој не успеал да ги пополни во времето во кое тој истражувал?


Фројд не се занимавал со ова прашање. Или затоа што немал време, или затоа што немал храброст. И едното и другото, навистина, останува на маргините од неговите слабости. Фројд е пионер за централните прашањата на човековата субјективност. Фројд го откри начинот на кој функционира несвесното. Тоа е најтемелното отритие на 19 век. Искрено, мене ме нервира начинот на кој Фројд е злоупотребен од Холивуд. Неговото централно откритие не е дека мотивите на човекот се сексуални. Тоа е сосема глупаво. Фројд рекол дека човекот е несвесен. Дека е слеп при очи. Тоа е шокантно откритие за 19 век, а шокантно е и денес. Ако на луѓето им дадете да гласаат дали ѕвездите се вртат околу Земјата, ние и денес ќе изгласаме дека живеевме во геоцентричен универзум. Луѓето не знаат. Не знаат ниту да мислат. Вистината не им е достапна на луѓето. Мислиме дека мислењето ни е даденост. А тоа не е точно. Треба да се помачиме околу мислењето. Енигмата на чистото за Фројд била споредна. Но, тој оставил јасни назнаки каде има енигми. Јас се фатив за една. Мојата книга откри некои дупки, ама некои веројатно и заѕида. Би сакала да видам како ѕидовите на моите теории се рушат. Само во тој дијалог, нашите мислења добиваат смисла и се приближуваат кон некаква вистина за нас, во нашето историско време.


 

Intimist - Jasna Koteska

Title: Intimist
Author: Jasna Koteska
Publisher: Drustvo Apokalipsa, Ljubljana
2008, 214 pages
Language: Slovene
Translator: Namita Subiotto
Released: August, 2008
ISBN: 978-961-6644-30-3



Jasna Koteska v širokem spektru najrazličnejših provokativnih tem: od ohridskih vicev do hrvaških lezbijk, od Kafke do Sadama, od seksa v socijalizmu do histerije v kapitalizmu , v zbirki esejev Intimist analizira dramatično 20. stoletje kot svet brez intime. Človek postaja bitje, ki mu je odvzeta intima in ki ni zmožno vzpostavljanja odnosov z drugimi ljudmi. Avtorica med drugim v knjigi izpostavi naslednja vprašanja: Kako je ime zdavniku, ki zdravi rano slabe vesti in jo hkrati kruži? Kakšna je povezava med milom in fašizmom? Zakaj se vsak kolonijalni imperij najprej vzpostavi kot higienski imperij? Kakšno genialno televizijsko rešitev za cenzuriranje krvi je sodobnim televizijskim mogulom ponudil Disney? Kako sta med seboj povezani seksualnost in sanitarnost? Zakaj je problem zakonske zvestobe v kapitalizmu dosegel svoj tržni ekstrem? Zakaj ne obstaja želja, ki bi bila po meri kulture? Ali ni zahteva po zagotovljenem znanstvenem statusu knjizevnih proučevanj morda eden od vzrokov za “smrt” literaturne vede kot discipline? Knjiga je naslovljena po zadnjem eseju, v katerem je prikazana komunistična usoda avtoričinega očeta, makedonskega pesnika Jovana Koteskega (1932-2001), ki je bil šestinštirideset let svojega devetinšestdesetletnega življenja predmet policiskega nadzora v Titovi Jugoslaviji. Negov policijski dosje je bil voden pod šifro Intimist.

NAMITA SUBIOTTO



Jasna Koteska - Intimst (eseji)
prevedla Namita Subiotto
Drustvo Apokalipsa, Ljubljana 2008, 214 str.
ISBN: 978-961-6644-30-3

Avtorski izbor iz dosedanjih knjig objavljenih med leti 2006-2008.


KAZALO
1. Očetje in sinovi..................6
2. Terorizem.........................24
3. Infantilna ljubezen...............42
4. Sanitarna era.....................64
5. Slaba vest........................82
6. Rojstvo modernega mesta...........94
7. Montaža emocij....................116
8. Buržoazna hierarhija telesa.......140
9. Seksualnost in sanitarnost........158
10. Nietzsche v javni knjižnici......172
11. Intimist.........................190


Книгата е авторски избор од текстовите и книгите објавени меѓу 2006 и 2008 година.




© Slovene edition: Društvo Apokalipsa
© Translation: Namita Subiotto
© Design: Eva Kovačevičová-Fudala

 

Санитарна енигма - Jасна Котеска, 2006: Раѓањето на модерниот град




Title: Sanitary Enigma
Author: Jasna Koteska
Publisher: Templum, Skopje, Republic of Macedonia, 2006
323 pages, 18 cm
ISBN 9989-902-87-9


5. РАЃАЊЕТО НА МОДЕРНИОТ ГРАД



Бројот на жителите (во нашиот град) треба да биде 5.040.

Платон, Закони




ВО ГРКЛАН ГРАД (БЛИСКОСТА И СРЕДНОВЕКОВНИОТ ГРАД)


1.
Во Гаргантуа и Пантагруел, првиот современ европски роман, ликот Алкофрибас Насиер (анаграм од името на Франсоа Рабле) влегува во устата на својот лик, господарот Панагруел и здогледува карпи, ридови, па големи ливади, големи шуми и силни и широки градови и целиот вџашен отвора претпоставка дека “тука како да има некој нов свет?!” Влегува во градот, но на портата му бараат уверение за здравјето:

“-Господа, да не е чума?
- О, господару, рекоа тие, тука се умира на купови; по цел ден колата оди и собира по улиците.
- За милост божја, па каде сме ние? прашав.
- Тие ми рекоа дека тоа е Гркланија и покрај неа Ждрело-град, градови големи како Руан или Нант, богати и трговски. Причината за чумата е некое смрдливо и заразно испарување, кое неодамна ригнало од провалијата, а испоумреле повеќе од двесте шеесет илјади и шеснаесет луѓе за осум дена.
Мислев и сметав, па утврдив дека тоа е смрдливата реа од желудникот на Пантагруел, откако се прејаде од онаа манџа со лук, како што веќе рековме.

Градот како големо валкано тело. Но, не кој било град, туку средновековниот град. Средновековниот град е град на отсуство на редот, симетријата, правилните црти. Средновековниот град е непредвидлив, нејасен, град на различности. Тој е, исто така, простор на блискоста, тој е роден од идејата за отсуство на дистанца. Средновековниот град нема панорама, нема место од кое може да се разгледа целиот град. Улиците на тој град се како “улиците” во едно тело: испресечени, тесни, валкани, животни; тоа е комункација на разнородни ткива, зад чиј привиден неред стои вишата логика што го води животот, што во крајна линија, ја симболизира животната радост.

А секоја радост подразбира две работи: валканост и блискост!

2.
“Во извесна смисла, животот во средновековниот град ‘личел на бајка’. Сите оние ужасно интензивни страсти кои ги движат главните јунаци на бајката, кои ги гонат да премостат многу мориња и планини, да ги распорат срцата на животните, да се борат со змаеви и аждаи, исто така, и сета онаа неверојатна чувствителност на телото која прави една принцеза да го почувстува зрното грашок, живејат во средновековниот град. Страста владее со градот”.

Телото, исто така, е простор на ужасни страсти. Телото го прави невозможното да стане возможно. Граѓаните во средновековниот град живејат налик на ткивата во телото. Врските на тие ткива се навидум нелогични, а суштински се совршен автомат кој работи според диктатите на внатрешните телесни импулси. Мислиме дека телото е управувано од духот, но тоа има сопствена моторика, како што градот живее независно од нејзиниот поглавар. Телото, како што пишуваат Делез и Гатари, има способност на само-продукција. Сознанието на телото зависи од таа самопродукција и честопати може да работи по налози кои самото си ги задава. Не волјата на духот, туку волјата на телото, волјата на градот. Телото работи по налози кои самото си ги задава. Во тоа н# уверуваат токму животните и месечарите, вели Спиноза. Месечарите одат во сон тогаш кога нивниот дух спие, и нивното тело прави работи кои тие не би се осудиле да ги работат во будна состојба. Тоа докажува дека телото, по самите закони на својата природа, може многу, на што и духот во тоа тело се восихитува. Духот може со години да му намигнува на телото, а телото да не го слуша. Телото е неосетливо на духот, оти вистинската причина за секоја работа на телото е самото тело.


3.
Рабле го зголемува за нас универзумот на телото за да видиме дека телото функционира исто како градот. Градот на Рабле е град на слепата страст, град што ја изразува ужасната суровост и нежност кон витезот, џуџето, ламјата, принцезата, ловецот, срцето на животното, голиот цар, наивниот џин. Град кој се движи како месечарот, почитувајќи го својот нагон и кога е заспан, прави работи што не би се осудил да ги прави во будна состојба.

Кога Рабле ја слика човечката жед, тоа е претставено како нагон кој не може да биде занемарен. Тоа е голтање сосема исто со она што му е својствено на градот. Човечкото кај Рабле е гигантско. Човекот има виша потенција. Вишокот не може со ништо да биде смирен, тоа е вишок на с# телесно. Градот е исто така гигантски. Веќе во средновековниот град, Рабле го видел потенцијалот за ова голтање на маргините. Рабле во проспекција го видел она што ќе се случи неколку века подоцна: градот да ја проголта цела држава. Њу Јорк да стане голем колку Македонија. Таа потенција може да биде споредена само со потенцијата што Рабле ја препознал во средновековниот град, единствениот град што го видел и што можел да го појми.

4.
“Во животот на средновековниот граѓанин разликувањето на надворешното и внатрешното, јавното и приватното нема никакво значење, затоа што не постои. Непосредноста не знае за посредување. Средновековниот граѓанин не е никакво ‘внатре’, што би стоело наспроти надворешноста на самиот град. Секој ‘надворешен настан’ е настан на неговата внатрешност и обратно. … Средновековниот човек не чувствувал дека ‘неговата кожа го изолира од надворешниот свет’. Во својот однос кон надворешноста, тој бил помалку налик на остров, а повеќе налик на ембрион’”.

За Рабле се важни две работи: телото и духот. Но, како и средновековниот граѓанин, Рабле не е дуалист. Него не го интересира како функционира духот независно од телото. Рабле, како и Спиноза, се интересира како телото доаѓа до духот, што с# телото може да прави. Тој го познава средновековниот град и во него не познава случај на независно функционирање. Во неговиот град нема изолација, само ембрионизација. Нема град независно од граѓанин, таму нема логика на посредување.

5.
Усната шуплина е најтематизираниот отвор кај Рабле. Усната шуплина е најрепрезентативен отвор на градот и телото. Усната шуплина го потврдува универзалното кружење на материјата. Усната шуплина голта и плука (вишок) зборови и (вишок) храна. Средновековниот град исто така има свој грклан. Како кај Рабле, градот има едно ждрело-град, кое е пропусно за валканицата, со која доаѓа храната на градот, па и по цена таа храна да биде заразна за градот.

Средновековниот град не е дискриминаторски како модерниот. За разлика од модерниот град, средновековниот град има грклан, има влез, но нема центар, (иако има желудник), затоа што како што рековме, средновековниот град не познава панорама. Тој е град што нема центар, токму затоа што има многу центри. Тој е град на стеснета блискост на многуте центри. Таму с# се случува внатре. Граѓаните се настан на градот и градот е внатре во телото на секој граѓанин. Тоа е град во кој не постои разликување на приватното од јавното и општото.

6.
Се потсетуваме на еден друг лик од ренесансата, од оваа последна епоха на живеење на старата непосредност. Во вториот чин на Хамлет, Офелија преплашена доаѓа кај татко & Полониј. Само што го видела Хамлет со валкани чорапи, без капа на главата, "како да побегнал од пеколот" и избезумена му раскажува на Полониј дека всушност видела ваков Хамлет: "Така ми се внесе во лице, како да го црта/Долго остана така." (41, 1962) За ренесансниот човек од дворот, правото на приватен простор почнува да се дестилира како потреба, која набрзо ќе стане императив. Тој што ќе се приближи на начин кој не е примерен за новата препорачана дистанца веќе станува тажен отпадник. Од дворот оваа нова "болест" набрзо ќе го освои и градот.



ДАЈТЕ МИ ГИ СИТЕ КРАВИ!
(ЗА ЕДНА НЕСФАТЕНА ИРОНИЈА, ИЛИ КОГА Е ПОЧЕТОКОТ НА КРАЈОТ НА СРЕДНОВЕКОВНИОТ ГРАД)



1.
Рабле пребројува, трупа и собира. Кога се родило бебето Гаргантуа му одредиле 17.930 крави за да го нахранат со своето млеко. Кошулата му ја сошиле од 900 аршини платно, за елекот употребиле 830 аршини бел сатен, за украсните гајтани 509 кучешки кожи. И така натаму …

Светот на Рабле е свет на ужасна манија за пребројување. Градот и телото на Рабле се состојат од попис на храната, пиењето, облеката, инвентарот, книгите, јазиците, дијалектите, како една бесконечна метонимиска низа. Ваков метонимиски принцип на енумерација среќаваме и во просветителството, кое по многу што е слично на ренесансата. А метонимијата, од она што го знаеме во теоријата, е операција на избор по блискост. Таа сака да потенцира комбинација. Но, тој опис на Рабле е толку заситен, прекумерен, што брзо преминува во метафора. Каква метафора? Тоа е метафора на отсуство на дистанцата. Метафора на непосредноста што, парадоксално, не знае ниту за посредување, ниту за пребројување! И баш заради тоа брои.

Таа манија за пребројување е слична на онаа што Фројд ја опиша кај големиот сликар, Леонардо да Винчи, уште една ренесансна фигура. Во текстот: “Еден спомен од детството на Леонардо да Винчи”, Фројд дава увид во опсесивната манија на Леонардо да запишува податоци, цифри, да пребројува сосема неважни детали, да крои табели и да собира. Таа манија, според Фројд, е клучна за разбирањето на личноста на Леонардо, која заклучува: “Ниедна работа човек не може ниту да сака, ниту да мрази, ако прво добро не ја спознае”.

Може ли да се спознае преку метонимија? Може ли преку метонимија човекот толку добро да ја запознае една работа, што отпосле ќе одлучи дали ќе ја сака или ќе ја мрази? Дали спознавањето може да биде изведено преку движење по блискост, движење по оската на комбинацијата?

2.
Средновековниот човек спознава како и средновековниот град. Кога во цитатот што го наведовме горе Алкофрибас доаѓа во грлото на сопствениот јунак тој влегува за да го види јазикот од внатре, за да види каде настануваат зборовите. И здогледува дека таму долу, во презреното тело има цел свет, друг, оностран, паралелен и извртен. Тоа е свет во кој духот на едно тело се наоѓа во телото. Во грлото живејат Горгијанци. Тоа е јасна референца на Платоновиот дијалог “Горгија” кој се занимава со проблемот на јазикот.

Во овој дијалог, Платон има желба, таа желба е да одговори на прашањето дали јазикот е конвенција или тој ја чува природната мотивација со предметите што ги означува? Кога ќе кажам: “град” дали елементите со кои го означувам референтот град, дали означителната низа г+р+а+д поседува некаква врска со првобитниот поим на градот? Дали означителот содржи некаква врска со градот како таков? Како што знаеме, Платон ова прашање го остава неразрешено. Тој одговара и - и. И зборовите имаат и зборовите немаат врска со референтите. Зборот град и ја чува меморијата за референтот град, и е само конвенција со која ние луѓето сме се договориле да го означиме ентитетот град, нештото што го подразбираме под град.

Но, бидејќи Платон нема јасен одговор на ова прашање, прашањето треба да го поставиме на мета ниво. Кога Рабле пребројува, трупа и собира, кога Рабле прави бесконечни метонимиски пописи на храната, пиењето, облеката, инвентарот, книгите, јазиците, дијалектите, тој има желба. Желбата ја артикулира како означител. Неговата желбата е одговор на прашањето: постои ли начин да се задоволи гладта за спознавањето на логиката на јазикот?

Рабле не ја решава својата желба како актерите во Платоновиот дијалог. Тој е примитивен човек на средновековието, и се однесува како граѓаните на средновековниот град за кои не постои посредување, туку непосредност. Тој не може да миметира проблем и потоа да го дискутира. Тој не може да се изолира од надворешниот проблем, затоа што средновековниот човек е самиот ембрион на својот проблем. Затоа најнаивно, средновековниот Рабле се симнува во гркланот и ѕирка таму. Ѕирка за да види дали постои начин да ја одгатне тајната на јазичната артикулација. Тој очекува дека таму, во гркланот од каде доаѓаат артикулираните звуци, ќе го види одговорот на прашањето што е јазикот, конвенција или природно мотивиран однос со предметите.

Значи, Рабле својата желба ја артикулира преку одредена постапка. Таа постапка е набројувањето на тоа што ќе го види во гркланот на телото и во гркланот на градот.

3.
Слушајќи го извештајот за потходот на Рабле, денес, со потсмев ја проследуваме неговата инфантилна, примитивна операција 1) на трагање по знаењето на најинфантилното место, кадешто се артикулира говорот како најпрост (највидлив) медиум за знаењето- во гркланот, 2) на трагање по знаење преку пребројување. Но, нека не избрзуваме. Нашиот супериорен поглед содржи бедна илузија за надмоќта.

Едно трик потпрашање. Каде да се трага по знаењето? Рабле вели треба да се локализира потрагата по знаењето таму кадешто тоа првпат се појавува. Не на друго место, во виши сфери, не во дијалог за десетта тема, туку токму таму, на најповршинското место, во гркланот. Време е да престанеме да им се смееме на децата што спикерот го бараат во телевизорот. По сите искуства на масовните медиуми, треба да се согласиме, денес, спикерот не е човек од телевизиското студио, тој е најсуштински жител на нашиот дом, што со нас ја споделува дневната соба и што живее точно во нашиот телевизор!

Но, многу поважно, Раблеовиот проект за исцрпување во име на сознанието не е нималку наивен. Тој во себе содржи една ингениозна идеја да се исцрпи с# што знам за проблемот, за да го оставам проблемот сам да се најави. И навистина, веќе во текот на набројувањето, тој почнува да се самонајавува. Секој означител остава еден метонимиски остаток, неодреден елемент, воедно и апсолутен и недостижен услов, елемент во процеп, кој се вика желба. Сите набројувања, таа манија за попис, натрупување, својствена и на Рабле и на Леонардо да Винчи, својствена на секој ренесансен човек е изродена од натрупаноста на средновековниот град. Тоа што го знаат и Рабле и да Винчи, поради логиката на непосредноста на средновековниот град, е дека желбата, како што вели Лакан, е секогаш во метонимија.

4.
Кога Рабле и да Винчи набројуваат, тие претчувствуваат дека на едниот крај на набројувачката низа ќе се појави потиснатиот означител. Тој се гради како симптом. Со тој симптом владее не неутралната психичка енергија, туку самата желба. Тој симптом вели: ниеден предмет на било која потреба никогаш нема да може да задоволи нагонот.

Устата нема да се задоволи со храна, туку со угодата на устата, вели Лакан. Рабле го пробува токму тоа и во таа проба тој оди до крај.

Рабле вели, дајте ми не една крава, не две крави, не сто крави, не илјада крави, дајте ми ги сите крави што ќе ги собереме од нашите средновековни штали. Дајте ми ги, за мојата средновековна ера, непоимливите 17.930 крави. Со таа астрономска бројка ќе пробам да го нахранам мојот гигантски Гаргантуа. Неговата џиновска уста. Неговиот нагон кој сака да го проголта целиот свет околу себе. Таму во гркланот на таа уста што голта ќе го видам решението на проблемот.

И таму го здогледува проблемот што дури од Фројд наваму има име. Фројд пишува дека предметот на нагонот нема никаква важност, тој е индиферентен. Кај оралниот нагон не станува збор за храната, нема храна што ќе го нахрани нагонот. Лакан пишува: нагонот ги извртува (ги изигрува и ги опкружува) предметите.

Ете го “решението” на проблемот. Решението гласи дека проблемот нема решение. Нема начин да се даде последната храна за мојата потреба да јадам, да пијам или да сознавам. На мојата глад може да & најдам разни решенија: решенија на принципот и-и (Платон), или-или (Кјеркегор) или на кој годе друг принцип. Тоа за што нема да најдам решение е затворање на проблемот на гладта на телото, гладта на градот. Тие две тела ќе голтаат секогаш веќе без можност да запрат.

5.
Но, иако проблемот нема решение, тој има премостување. А тоа премостување е многу пофундаментално за целиот проблем на нагонот. Премостувањето се вика – дистанца. И таа дистанца има едно конкретно име – хумор.

Што да правиме со сознанието дека ние сме предодредени с# да голтаме? На ова сознание, "ако веќе не сме магариња, треба да му се насмееме" (како што во друга прилика вели Хесе). Не е работата во тоа сериозно да & ги прифатиме метонимиските директиви на нашата глад. Не е работата во тоа да & повладееме на таа глад. Да почнеме да голтаме секаква храна во надеж дека еднаш ќе налетаме на храната која конечно ќе ја затне нечуената глад за она нешто, сред кое нагонот за глад ќе потклекне и ќе се исуши, ако баш мора.

Работата е во тоа, овој нагон да го исмееме. Да ја видиме таа генеричка даденост на нашата глад и да & се насмееме во лице на нејзината мегаломанска природа. Затоа што ако нешто може да ја парализира таа глад, тоа е само громогласната смеа. Раблеовската смеа.

Откритието никогаш не е моновалентно. Да го парафразираме стариот Черчил: "бесмислено е да се рече, направивме најдобро што можевме": откривме дека нашата даденост е да проголтаме с#. "Треба да се направи тоа што е неопходно", во нашиот случај: да се види дека таа глад се затнува со една проста, добродушна, примитивна, инфантилна, приземна, и – космичка смеа.

Ете го големото откритие на Раблеовиот средновековен свет.

6.
Гладта на средновековниот град е како гладта на средновековното тело на Гаргантуа. Таа глад не може да биде задоволена. Затоа треба да биде – исмејана.

Средновековниот град престанува да постои кога човекот решава да го игнорира Раблеовското откритие, откритието дека гладта се затнува со смеа. Големата уста на Грагантуа, големиот Грклан град може да се затне. Рабле го знаел тоа. Да го затнам? Ништо полесно. Ќе го направам смешен.

Чекорот кон модерниот град е направен кога модерниот човек престанува да го гледа хуморот во Раблеовското трупање. Кога ја промашува иронијата на Рабле. Кога почнува да трепери пред оралниот нагон, пред Гркланот кој (сака да) голта. Кога почнува да се убедува дека ако метонимиски му ја подметне храната на градот, ќе ја задоволи неговата фундаментална глад.



ЊУЈОРК


1.
Сите модерни градови се родени во отсуство на хумор. Сите модерни градови се родени од желбата сериозно да се сфатат себеси.

Еден ултимативен пример: главниот град на светот, Њујорк.

Во 1811 државната администрација на градот Њујорк го усвои предлогот познат под името Комисионерски план, со кој се предвидуваше развој и продажба на земјата од островот Менхетн. Комисионерскиот план денес се смета за најпознат и највизионерски развоен план на еден град. Планот предлагаше дванаесет нумерирани авении, што ќе се протегаат од север на југ, паралелно со реката Хадсон и 155 ортогонални улици. Секоја улица беше поставувана на парцели со големина 20.000 м2, отприлика на 50 метри со 400 метри, оддалеченост од претходната улица.

Најпросто речено, Комисионерскиот план беше направен така што врз мапата на ненаселената, дива земја на Менхетн, тројцата членови на комисијата, исшкртаа хоризонтални и вертикални линии.

И во почетокот на 19 век и подоцна се појавуваа спорадични критики, што со пола уста го напаѓаа Комисионерскиот град. Тие критики се огласуваа против монотоноста на идниот Менхетн.

Зарем ќе биде убав тој град во кој ќе ги снема нерегуларните улици на стариот град?

Како може униформноста на улиците нацртани буквално со лењир да произведат спонтаност на тие што ќе живејат на вкалапените улици? Како шематизираноста на авениите и улиците ќе ја изразува непосредноста на жителите што ќе ги живејат геометриските улици? Како ќе може градот што не ја следи непосредноста на тлото, непосредноста на телесното на земјиштето, непосредноста на географијата, да ја роди животинската сировост, да ја симулира општата смеја и плачење својствена на стариот град? Да ја сподели животноста на градот како град-ембрион? Да ја повтори сплотеноста на неговите жители, сплотеност што се родила во резултат на едно спонтано населување?

Зарем ќе биде убав градот што природното ќе го прогласи за неприродно и неприродното за природно? Наместо слободен ред, артефициелност. Наместо страст, ред. Наместо споделување, разделување. Наместо заедништво, изолација. Наместо барокна нерегуларност и испресеченост, геометриска парцелијализација. Наместо географски неред, просторна монотонија. Наместо социолошка зближеност каде секој секому дише во вратот, приватност. Наместо едно градско тело, многу милиони тела што живејат како островчиња, секое за себе.


2.
Овие критики никој не ги сфати сериозно. Имаа и зошто. Менхетн цветаше, заедно со цел Њујорк. Неговата најелементарна геометрија го направи најголем и најмоќен на светот.

Во 1853 беше одобрен планот за Централ Парк, масивна урбанистичка зелена површина на која, ниедно езеро, ливада, или шума не е природна, дадена. С# што постои во овој парк е проект. Секоја водена површина се контролира со вентили скриени зад грмушките. Секоја шума е направена од човечки раце. Секоја ливада е посеана со цвеќиња според одреден план, а тој план само ја симулира спонтаната работа на природата. Ништо во Централ Парк не е слободно, непосредно, дадено. Овој парк што се протега од 5-та до 8-та авенија и од 59-та до 110-та улица е триумф на артифициелноста, геометријата, редот, дисциплината, парцијализацијата, триумф на разликувањето, планирањето и организирањето.

Постојат спекулации за степенот на моќта што денес ќе го имаше Њујорк ако Централ Парк никогаш не беше изграден. Централ Парк не беше дел од Комисионерскиот план.

Сепак, и овој парк, совршено се вклопи во логиката на вештачката парцијализација и унификација на животот.

Централ Парк стана епитом на модерниот град. Тој модерен град е толку модерен што може, ако сака, одново да го создаде вишокот телесно, вишокот земја, вишокот географија. Откако еднаш ја уништил природноста, телесноста на даденото, ја уништил географијата како валкана, овој град сега може истата дури и да ја врати. Но, по своја мерка. Не вишок каков што се родил, не валканица на ненаселената, дива земја, туку дивина што самиот ќе ја произведе по свое наоѓање.

Артефициелна дивина. Откако сум ја поразил валканицата, (ви требаше?) еве ви ја назад, само направена од мене, вашиот град. Таа ми треба за да ви посведочам дека дури и неа ќе ја имате!

Да се надоврземе на главата "Уште ова ти требаше…" (од првиот дел "Санитарна енигма"), Централ Парк е финалниот доказ за градското завладејување со непотребниот предмет, со природното како измет на градот. Ништо не исчезнало од географијата на американското тло со раѓањето на Њујорк, со разорувањето на еден свет. А доказот дека ништо не исчезнало, дека никаква енергија не се изгубила, е токму моето повторно создавање на валканицата.

Вие само мислите дека овие совршени геометриски урбани улици се исчистени од непотребниот предмет. Меѓу нив еве еден голем парк, тој е доказ дека непотребните грбки и вдлабнатинки на земјата се тука. На градот на совршената форма тие не му требаат, на градот на чистата форма не му треба овој парк, но дури и тој (му) е вратен. За да се задоволи потребата на жителите од географската сировост, од демодираното уживање во грпките (ритчињата) и дупките (езерцата), демодираното уживање во природното.

Ви треба страста на стариот град? Градот што сериозно се сфатил себеси ќе ви ги изгради. Градот што решил да голтне с# околу себе, може да ја лапне дури и страста за природната географија, дури и валканата форма на земјата. Драги граѓани, сега имаме с#! Сега го имаме Фројдовското “океанско чувство” дека сме (биле) (и повторно ќе бидеме) дел од затворен и конечен универзум на природата.

Со таа минимална разлика дека тоа веќе не е природа. Со таа минимална разлика дека таму веќе нема спонтаност. Затоа треба да ја перформираме.


3.
Населувањето на средновековниот град е импулс на внатрешната логика на средновековниот граѓанин Раблеовски, ужасно животински, да споделува с#. Да дише како еден. Тој граѓанин не знае дека некој може да го симулира своето "единство" со другите. Дека додека осамен лута по безимените улици на "својот" град, некој може да се преправа дека е "со сите".

Денес лутаме по улиците на нашите модерни, сериозни градови и хипнотички споделуваме мантра за заедништво. По модерните улици родени од отпорот кон природното и телесното, денес шетаме како живи мртовци. Модерниот град е лулка на зомбито.

"Модерниот град е во спор со живото: 'во конфликт со органското. Тој го поврзува живото тело со анорганскиот свет', со својата сопствена униформност, конвенционалност, едноставност. 'Наспроти живото тој го потврдува правото на трупот'. Трупот е нежив, ослободен од телото и од исполувањето на екстремните страсти. Трупот е 'артефициелен'. Трупот е урбан. Само трупот 'излегува на асфалтот за на него да ботанизира', само трупот наоѓа живот во неживото. Тие што паднаа како жртви на модерниот град беа оние што останаа во живот. Животот мораше да биде усмртен. Во градот преживеаа само труповите. Трупот владее со градот".

Жителот на модерниот град е труп. Тој живее на урбаните парцели, секоја идентична со следната, како што трупот е засекогаш преселен во точно измерена парцела, секоја иста со следната. Посетете ги гробиштата, за да ја видите макетата на модерниот град. Како и Лего-макетата, како и гробиштата, така и модерниот град конечно доби панорама. Сега можам да се качам на едно место и да го видам градот, сиот убаво омеѓен. Како и гробиштата и детските игри, и градот конечно доби птичја перспектива.


4.
Кривите и тесни улички на средновековниот град му отстапија место на единствениот и апсолутно чист стил на математиката.

Модерниот град е танц на цифрите. Жителот на модерниот град е труп што води љубов во апартманите со бројка. Труп што вози точак. Труп што џогира. Труп што во џебот на тренерката носи лична карта со единствен матичен број.

"Каде што улиците немаат име", каде што тие имаат бројки. Наместо визуелниот неред на имињата што сведочат за нечиј (а со тоа и за мој) живот на оваа улица, сега има стил апсолутно владеен од логиката на бројките. Улицата е бројка. Безимена како тебе и мене.

Платон во "Закони" го фиксираше идеалниот број на машки жители што треба да живејат во еден град. Тоа е ни помалку, ни повеќе туку 5040!

Фиксната бројка од 5040 жители за Платон има јасна смисла. Тој не е даден како квантитативен принцип, туку како хармонизирачки. За потребите на војната или мирот, овој број може да биде поделен со секој од 1 до 10. Бидејќи 5040 = 1 по 2 по 3 по 4 по 5 по 6 по 7= 7 по 8 по 9 по 10. Единствен критериум за големината на градот за Платон е потребата сите жители да се знаат меѓусебно. Како и средновековниот жител на Рабле, и Старите Грци не познаваат разлика меѓу приватниот и јавниот свет.

На свој перверзен начин, Платоновиот закон успеа во една претпоставка- градот да стане цифра. Бројот е основата на која почива модерниот град.


5.
Модерниот град доби дистанца. А каде што има дистанца, мора да има посредништво. Модерниот град е посредувач меѓу своите трупови. Аксиоматска вредност број еден стана правото на приватност. Јасно е посредувано што е приватно, а што е јавно. И, како во секоја добра капиталистичка политика, колку повеќе градот посредува, толку повеќе расте гладта за повеќе посредување, за подобро повлечена граница меѓу мене и градот. Парадоксалната логика на оваа поделба е дека секое мое следно повнатрешнување во однос на мојот град ќе ме направи уште понезадоволна во однос на тоа што е мое приватно. Сакам уште простор за мене. Сакам поголем остров за мене во овој град. Поголема парцела. Најсреќен станува трупот со најголема парцела. Сега не сакам само најголема парцела. Сега сакам парцела голема колку градот.