Bringing Up Girls in Bohemia Skopje Promotion 7 October 2019 |
Јасна Котеска
„Пост-транзицијата во романот 'Воспитувањето девојки во Чешка'“,
Зборник на трудови од VII македонско-чешка научна конференција, Филолошки
факултет Блаже Конески, Скопје 2018, 171-185.
(Извадок)
[...]
Мислејќи на Беата, нараторот вели: „Јас не го кревам ѓубрето од земја само затоа што е валкано“. Што секако не е вистина. Крал не е загрижен заради забавите на неговата ќерка и го убедува брачниот херој да го сфати курсот по креативно пишување како пофлексибилна задача: „Горе-долу може да правиш што сакаш“, му вели „единствена цел е да ја развеселиш малку, да престане да биде така несреќна, тоа е сè.“ Оваа реплика на „кралот“ има функција на пасош за љубовен продолжеток, бидејќи по индиректното одобрување, безимениот наратор влетува во љубовна врска со Беата.
Viewegh seemed really afraid of me, 2019 |
Сопругата ја нема во нарацијата, таа
е статус, не се знае нејзиното
име, професијата, приватните дилеми, што прави со
својот ден. Како што пишува Померој за т.н. брачна секлузија во старогрчкото
општество, кога реферира на отфрлањето на Ксантипа од смртната постела на
Сократ
и неговата желба да умре со своите машки компањони - така
и жената на нараторот кај Вивег е алиенирана од бракот.
Но, парадоксално во сите разговори за бракот во романот на Вивег се наоѓа токму љубовницата. Беата станува катализатор на сè брачно. „Немој на мене тој патетичен трик дека жена ми не ме разбира“, вели Беата. „И мојата жена ме разбира е исто така трик“, и’ одговара нараторот. Сопругата е отсутна во сите ситуации освен кога треба да ја исполни улогата на чувар на домашното гнездо и воспитувач на легитимното дете, што пак ја прави во извесна смисла некаков „додаток“ кон личната приказна на нараторот, а нејзината улога е сведена на постојан сомнеж кон него.

Промоцијата во Скопје:
Viewegh promotion at MKC Skopje, 7 October 2019 |
Романот на Вивег на македонски
Издавач Антолог, Скопје, 2019
Превод од чешки: Маргарета Карајанова
Македонско издание, 2019 |
English edition 1994, 2018 |